Реална анкета од ИПИС, наспроти фиктивна анкета лиферувана од Филипче – КУРИР со прашања, СДСМ со молк

November 7, 2024
1 min read

Македонската јавност деновиве се соочи со два, тотално различни резултати по однос на едно исто прашање. Две анкети со драстично различни резултати. Првата е реална анкета со сите потребни податоци на ИПИС, наспроти „анкета“ без никакви податоци лиферувана од претседателот на СДСМ.

Случајно или не, „анкетата“на СДСМ за наводната недоверба кон власта е лиферувана само еден ден по објавата на аферата за лумперајот и журката на Филипче и Заев во Дубаи. Едната анкета вели дека само 21,3 проценти од граѓаните не се задоволни од работата на Владата, додека пак другата покажува дека дури 65 отсто не се задоволни од работата на Владата- тродупло повеќе! Дали некој ширеше дефокус и сееше магла за да ја засени сопствената брука и резил во Дубаи?

На 1 ноември беа објавени податоци од последната анкета на ИПИС кои говорат дека 32% од испитаниците дале позитивно мислење за досегашното работа на владата, 23 отсто имаат делумно позитивно, 13,1 проценти делумно негативно, а 21,3 % негативно мислење.

Оваа анкета на Ипис е направена телефонски и теренски. Телефонската е во периодот од 9 до 13 октомври на 1.500, а теренската од 1 до 20 октомври на 1.005 испитаници. За неа, меѓу другото, на брифинг со новинарите информираше премиерот Христијан Мицкоски.

Само неколку дена подоцна, во одговор на новинарско прашање лидерот на СДСМ, Венко Филипче потенцира дека дури 65 % од граѓаните не се задоволни од работата на Владата во делот на економијата и животниот стандард. Податоците, според него се од теренска анкета на партијата.

-Нашата теренска анкета покажува дека 65 % од граѓаните не се задоволни од работата на Владата во делот на економијата. Тоа значи дека двајца од тројца испитаници од граѓаните не се задоволни од животниот стандард, од тоа што Албанија не претрка на европскиот пат. СДСМ е подготвен за какви било избори, тоа што има најава за предвремени избори само 5 месеци по формирањето на Владата е доказ дека на Владата навистина не ѝ оди, потенцира Филипче.

Венко Филипче/Фејсбук
Венко Филипче/Фејсбук

Но, она што „заборави“ да го каже е дали ова истражување на јавното мислење има автор, период кога е правена, метод и број на испитаници.

Затоа, „го потсетивме“ и поради објективно информирање на јавноста, одговор побаравме од СДСМ.

-Кој и кога ја направил анкетата? Дали е само теренска? На колку испитаници и во кој временски интервал е направена? Доколку, според ваште информации, 65% не се задоволни, колку биле задоволни, колку се делумно задоволни, колку не одговориле?

Ова се прашањата кои ги испративме до СДСМ, но на кои до објавување на текстот не добивме никаков одговор. Ова наведува кон единствениоит заклучок дека некој ја „истресол од ракав“ наводната анкета, односно излажал. За анкети без потребните податоци за автор, нарачател, примерок, период и број на испитаници, македонски медиуми се казнувани со високи парични казни во минатото.

Се поставува прашањето: Дали некој лаже за наводна теренска анкета? Второто прашање е: Зашто се лиферуваат лажни анкета, за кои законски се сноси одговорност? Трето: Ќе има ли одговорност за кажаното?

Ова е само дел од прашањата кои засега остануваат неодговорени како и прашањата на КУРИР од страна на СДСМ.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

По 7 години девастација и тежок арамилак, СДСМ понуди 3 политики за повеќе пари за граѓаните

Следно

ССМ им порача на газдите дека и саботата е неработен ден доколку работникот работел од понеделник до петок

Latest from Blog

Кос: Имате 6 милијарди евра на располагање, парите ќе ги вратиме ако нема напредок

Со порака дека секое евро од шесте милијарди евра предвидени за Западен Балкан зависи од брзината со која земјите ќе ги спроведат реформите, еврокомесарката за проширување Марта Кос ги повика балканските лидери

ЕК: Лидерите од Западниот Балкан ја потврдија решеноста за искористување на можностите на Планот за раст

идерите на шесте партнери на ЕУ од Западниот Балкан на денешниот состанок со еврокомесарката за проширување Марта Кос во Скопје ја потврдија својата решеност да ги искористат можностите што ги носи Планот

ИХФ потврди – од денеска во сила четири нови правила на ракометната игра!

Ракометот отсекогаш бил замислен како брз, забавен и динамичен спорт, а неговите правила се развиваа низ децениите. Светската ракометна федерација денеска објави за четири нови правила, односно промени во веќе постоечките правила.

Израелскиот премиер следната недела во Вашингтон на средба со Трамп

ИСТАНБУЛ (АА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес потврди дека следната недела ќе го посети Вашингтон на разговори со американските претставници, јавува Анадолу. „Се очекува следната недела да заминам на средби во

Кос: Вашиот идентитет се манастирите, погачата, тавче-гравче, полнетите пиперки – никој не може да ви го одземе!

Еврокомесарката за проширување Марта Кос испрати силна порака од Скопје во одбрана на македонскиот идентитет, нагласувајќи дека тој не смее да биде предмет на политичко одлучување. На заедничката прес-конференција со премиерот Христијан
Go toTop