Туркије остро ја осуди терористичката пропаганда на ПКК за време на седницата на Европскиот парламент

February 16, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Туркије упати критики кон Европскиот парламент поради тоа што дозволи прикажување на пропагандата на терористичката организација ПКК за време на пленарна седница, јавува Анадолу.

Наведувајќи дека е неприфатливо членови на терористичката организација ПКК лесно да влезат во Европскиот парламент и да протестираат како што сакаат, во соопштението на турското Министерство за надворешни работи се истакнува дека е чудно неинтервенирањето против овие поединци.

Се додава дека инцидентот „ја открива неспособноста и неискреноста на Европската Унија, и особено на Европскиот парламент во борбата против тероризмот“.

Познато е дека поддржувачите на ПКК одржуваат протести пред Европскиот совет и институциите на Европската Унија.

ПКК, која е ставена на листата на терористички организации во Туркије, САД и ЕУ, во период од над 35 години усмрти повеќе од 40.000 луѓе, меѓу кои жени, деца и постари лица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Денеска истекува рокот за преименување на бугарските клубови

Следно

Изречени казни за 162 возачи во Скопје

Latest from Blog

Мециновиќ во Аргумент плус: Левица на локалните избори ќе има кандидати во повеќе градови вклучително и за Град Скопје

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ во Аргумент плус рече дека на локалните избори ќе имаат кандидати за повеќе градови во Македонија, вклучително и општини во Скопје и Град Скопје. Тој рече и

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 28 април

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 28 април откако денеска во Основен Кривичен суд Скопје сведочеше обвинетиот Љупчо Палевски. Следното рочиште треба да продолжи со вкрстени прашања од Обвинителството

Мировен план на Трамп за Украина и Русија

Според планот на Трамп, Русија ќе задржи повеќето од освоените територии, а Москва ќе мора да се повлече од две помали области, каде Украина би ја вратила контролата и би имала непречен
Go toTop