Според отворените гласачки кутии на изборите во САД, републиканците го освоија мнозинството во Сенатот

November 6, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Во рамки на изборите за Конгресот што се одржаа во исто време со претседателските избори во САД, републиканците добија мнозинство во Сенатот, освојувајќи 51 место досега, известува Анадолу.

Републиканците постигнаа голем успех во Сенатот на изборите за Конгресот одржани заедно со претседателските избори на 5 ноември во САД.

Републиканските кандидати Џим Џастис и Берни Морено, преземајќи ги местата на нивните демократски противници на изборите за Сенатот во сојузните држави Западна Вирџинија и Охајо, ѝ донесоа две нови места на својата партија.

Со овие резултати, републиканците досега освоија 51 место во Сенатот, додека демократите имаат 42 места.

На меѓу избори во 2022 година, демократите го освоија мнозинството во Сенатот.

Во Претставничкиот дом, крило на Конгресот, кој брои 435 места, републиканците досега освоија 179 места, наспроти демократите, кои имаат 148.

За да се обезбеди мнозинство, неопходно е да се дојде до бројката од 218 претставници во Претставничкиот дом.

– Избори за Сенат

Значајно место имаат и изборите за Конгресот, кои се одржуваат истовремено со претседателските во САД, на кои се избираат 34 нови претставници во Сенатот кој брои 100 члена.

Иако изборите за Конгресот не одекнаа како претседателските, особено во американската јавност, тие сепак сѐ од големо значење во американската политика.

Кое крило на Конгресот од која партија е контролирано, значително ја одредува областа на работата на американскиот претседател.

Сенатот го сочинуваат 100 претставници, во кој избраните лица функцијата ја извршуваат 6 години. Секоја од 50-те сојузни држави има по 2 сенатори.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Претседателските избори во САД: Трамп освои 214, а Харис 179 делегати во 35 од 50 држави

Следно

Познат тренер предложува револуционерно тениско правило

Latest from Blog

ТРГНАЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, ЗАГЛАВИЛ ВО ИСТАНБУЛ: Еве уште еден пример зошто не треба да му се верува на CHAT-GPT

Семејство во Русија заглавило во Истанбул, Турција, и не можело да го продолжи планираното патувањето за Македонија, верувајќи на погрешен совет од Чат Џи-ти-пи (ChatGPT) дека за влез во Македонија на руските

Хаос на „Богородица“: За влез во Македонија се чека и до четири часа, километарски колони на границата

Долги колони од вчера попладне има на границата меѓу Грција и Македонија на граничниот премин „Богородица“. Граѓани на социјалните мрежи коментираат дека чекањето трае и до четири часа. Колоните од автомобили, автобуси,

Николоски: Продолжува интензивната изградба на автопатот Прилеп – Битола

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, соопшти дека интензивно продолжуваат градежните работи на автопатот Прилеп – Битола, оценувајќи го проектот како еден од најзначајните инфраструктурни зафати во земјава. Според Николоски, изградбата
Go toTop