Таравари: ДУИ ги губи изборите од 2011 година, Ахмети секогаш ја делеше албанската опозиција

November 5, 2024
1 min read

Министерот за здравство и прв човек на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари смета дека Али Ахмети веќе неколку пати ги изгубил изборите, и тоа прво уште во 2011, но оти неговата кариера ќе заврши по локалните избори следната година.

-Реално господинот Ахмети ги загуби изборите уште во 2011 година. Трите тогашни албански опозициски партии кои не успеаја да се обединат, мислам на ДНП, НД и ДПА имаа повеќе гласови од ДУИ. Практично, необединувањето на овие опозициски албански партии му овозможи на Ахмети малку повеќе гласови. Во 2016 година Беса, ДНП, НД-ДПА, Обединување и ДПА имаа многу повеќе гласови од Ахмети, но повторно тој успеа со механизмите што ги има да го оневозможи обединувањето на албанската опозиција, рече Таравари во Клик Плус на ТВ 21.

Таравари смета дека е апсурдно само пет месеци по изборите повторно да има нови избори.

-Пет месеци по изборите, повторно барање за избори, мислам дека е одреден проблем што треба да го има господинот Ахмети како храна за своето членство. На почетокот „знаеше“ дека ВРЕДИ нема да може да влезе во Владата. Затоа што има црвен телефон и некој ќе му се јави на господинот Ахмети и тој ќе стане дел од Владата. Потоа велеа дека оваа власт нема капацитет да издржи ни 100 дена. Поминаа 100 дена и сега велат дека оваа Влада нема да издржи до Нова година, рече Таравари.

Барањето на коалицијата ВРЕДИ Ахмети да си даде оставка доколку изгуби на локалните избори, се интензивира како противнапад на изјавата на Европскиот фронт, од каде бараат тие да се повлечат од Владата на премиерот Христијан Мицкоски и да ја одведат земјава на предвремени парламентарни избори. Одговорот на Ахмети беше дека ако има и еден глас помалку на локалните избори ќе си поднесе оставка од лидеркста позиција во ДУИ.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Економистот Зоран Јовановски во ТВ21: Изборите во САД се важни и за целата светска економија

Следно

СДСМ: Наскоро Конгрес за избор на ново раководство и нови политики

Latest from Blog

Муцунски од Дубровник: Не постои „северномакедонски“ народ, целта ни е успешно да ги завршиме преговорите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, учествуваше на панел-дискусијата „The EU and the

Чартерот за дома откажан, Уругвај си замина од Мундијалот со комерцијални летови

Репрезентацијата на Уругвај шокирачки е елиминирана уште во групната фаза од Мундијалот. Јавноста во оваа земја не може да поверува што се случи, затоа што Уругвај беше рангиран како еден од скриените

Истрага на WSJ: Иран направи голема штета на клучната поморска база на САД (ВИДЕО)

Овој развој доаѓа откако иранските ракетни и беспилотни летала предизвикаа многу поголема штета отколку што јавно призна Пентагон. Истрагата, заснована на сателитски снимки, видеа на социјалните медиуми и официјални документи на Министерството

ВРЕДИ до ЗНАМ: Правда е забетонирана за ВЛЕН

Министерството за правда и министерството за култура се двете нови институции кои ќе ги добие Вреди по владината реконструкција, како што веќе објави Телевизија 24. Засега не е познато кои функционери ќе
Go toTop