(ФОТО) Српските десничари го завршија протестот: Пратеник се обиде насилно да влезе во полициска станица

February 15, 2023
1 min read

Покрај инцидентот пред полициската станица, демонстрантите вечерва го пробија полицискиот кордон и пред зградата на Претседателството во Србија каде извикуваа пароли против претседателот Александар Вучиќ. Тој, пак, рече дека не знае дали тие се проруски, но оти е сигурен дека се антисрпски

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Протестот на десничарите во Србија заврши пред полициска станица во Белград каде наводно се наоѓаат приведени лица кои требало да учествуваат на протестот.

Насобраните демонстранти кои ја опколија полициската станица се разотидоа откако нивни претставници разговарале со полицајците.

Во еден момент пред полициската станица имаше и инцидент кога пратеникот Александар Јерковиќ бараше да влезе внатре и да ја види наводно уапсената бремена жена. Кога полицијата не му дозволи, Јерковиќ, како што јавува Н1 ТВ, се обидел со сила да се пробие низ полицискиот кордон.

Тогаш пред станицата излегол полицискиот командир и го известил пратеникот дена внатре нема никаква бремена жена. Исто така, од полицијата им тврдеа на демонстрантите дека две приведени лица – учесници на протестот, не се наоѓаат во станицата.

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Претходно, српските медиуми јавија дека во пресрет на протестот приведен бил и припадник на ултрадесничарската група „Народни пароли“ од Бачка Паланка, Дејан Бобочек, кај кого била пронајдена пушка со оптички нишан и муниција.

Вечерашниот протест кои српските десничари го организираа против француско-германскиот предлог за Косово, започна околу 18 часот пред споменикот на рускиот цар Николај. Пред да заминат кон полициската станица, демонстрантите протестираа и пред зградата на Претседателството каде го пробија полицискиот кордон и извикуваа „Каде е Вучиќ“ и „Предавство, предавство“.

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Тие побараа српскиот претседател да си поднесе оставка или да ја промени политиката кон Косово. Извикуваа „Косово е срцето на Србија“ и пееја патриотски песни. Со себе носеа српски, но и руски знамиња, како и транспарентни со пораки: „Нема предавање“ и „Кој го издаде Косово, ќе ја издаде и Русија“.

По тензиите кои можеа да се забележат, претседателот Александар Вучиќ свика и вонреден состанок со клучните луѓе од безбедносниот сектор, а во обраќање до јавноста рече дека протестот не заслужува внимание. Сепак, им посвети внимание на демонстрантите и рече дека ништо не е случајно наведувајќи дека поддржувачи на ваквите демонстрации се четири парламентарни партии.

За демонстрантите рече дека не знае дали се проруски, но е сигурен дека се просрпски.

Пред граѓаните настапи со уверување и дека државата нема да дозволи насилници и екстремисти со каква било заштита од странство да го рушат уставниот поредок на Србија.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ласовска: Владиното мнозинство го злоупотребува законското знаменце, а вкупно 41 законско решение на предлог на ВМРО-ДПМНЕ не се става на пленарна седница

Следно

Германија на крајот на март ќе ѝ испрати на Украина „половина баталјон“ од тенковите „леопард 2“

Latest from Blog

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара

Во Ирак се одржа Фестивал на убавина за мачки

СКОПЈЕ (АА) – Во организација на Кралската ветеринарна болница, во ирачкиот град Сулејманија денес се одржа второто издание на Фестивалот на убавина за мачки, каде што љубителите на мачки се собраа за
Go toTop