Трето одложување на повтореното судење за пожарот модуларната болница во Тетово

November 5, 2024
1 min read

По трет пат е одложено повторното судење по пожарот во тетовската модуларна болница откако на повторно судење го врати Апелацискиот суд Гостивар по јавната седница во април 2024 година, а по првичната пресуда од 5 јуни 2023 година. Денеска рочиштето се одложи поради отсуство на судијата Јордан Велковски, а судијка која го заменуваше го закажа за 15 јануари 2025 година во 10 часот.

Првиот обид за повторенот судење беше на 26 јуни година 2024 година, па се одложи за 25 септември кога исто така не се одржи јавна расправа.

Апелацискиот суд во април годинава донесе решение со кое наложи да има повторно судење за поранешните директори на тетовската болница Флорин Бесими и Артан Етеми, како и Јавната здравствена установа Клиничка болница Тетово како правен субјект. За докторот Бобан Вучевски, Апелацискиот суд во април 2024 година ја одби жалбата на Обвинителството и ја потврди првостепената ослободителна пресуда за него.

На 5 јуни 2023 година Основен суд Тетово одреди условна осуда за обвинетите директори Флорин Бесими и Артан Етеми за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека правното лице ЈЗУ Клиничка болница беше прогласено за виновно за делото „предизвикување општа опасност“ во судскиот процес по пожарот во модуларната болница во Тетово во 2021 година кога животите ги загубија 14 луѓе. Судот тогаш одлучи да има ослободителна пресуда за докторот Бобан Вучевски и Клиничка болница за делото „непостапување по здравствени прописи“.

Според пресудата, на обвинетите Флорин Бесими и Артан Етеми им беше утврдена казна затвор од по една година и шест месеци, условна осуда и утврдената казна затвор нема да се изврши доколку обвинетите секој за себе во време од по три години не сторат ново кривично дело. Правно лице требаше да плати парична казна во висина од еден милион денари, 30 дена по правосилност на пресудата.

Првиот судски процес се водеше откако на 8 септември 2021 година 14 луѓе ги загубија животите во пожарот во модуларната болница во рамки на Клиничка болница Тетово.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сабаленка: Горда сум не само на себе, туку и на мојот тим

Следно

Тројцата повредени во Нови Сад се уште се во тешка состојба, денеска протест поради трагедијата

Latest from Blog

ВЛЕН: 25 години по Охридскиот договор, еднаквоста се претвора во закони, а развојот во конкретни инвестиции

По повод 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, коалицијата ВЛЕН, како дел од Владата, организираше повеќе панели и активности посветени на децентрализацијата, локалниот развој, еднаквоста и европската иднина на земјата. На

Фараж се врати во британскиот парламент — победи на изборите што самиот ги предизвика

Традиционалните партии ги бојкотира дополнителните избори, откако Фараж се обиде гласањето да го претстави како референдум за неговата борба против „естаблишментот“. Поради тоа, негов главен противкандидат беше комедијантот Џонатан Харви преправен во

Вечер за паметење со Симон Трпчески во Охрид: „Сите си го сакаме бисерот на Македонија, сега полесно се стигнува“

Македонскиот пијанист со светска слава Симон Трпчески синоќа приреди незаборавна музичка вечер во Античкиот театар во Охрид, каде пред публиката не само што ја презентираше својата музика, туку сподели и лични спомени
Go toTop