Во Париз започна судењето за убиството на наставник во 2020 година

November 4, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Во Париз денес започна судењето за убиство на наставникот во Франција на 16 октомври 2020 година, јавува Анадолу.

Осум лица се појавија пред судот под обвинение за тероризам поради убиството на Самуел Пати, 47-годишен наставник по историја и географија во париското предградие Конфлан-Сен Онорин, соопшти француската телевизија Франс Блу.

Наставникот беше обезглавен во октомври 2020 година од страна на Абдула Анзоров, 18-годишно момче од чеченско потекло, кој беше убиен од полицијата.

Наставникот бил цел бидејќи на еден од неговите часови покажал контроверзни карикатури на кои е претставен божјиот пратеник Мухамед.

Двајца соучесници на Анзоров, Наим Будауд (22) и Азим Епсирханов (23), беа обвинети за соучесништво во „терористичкиот атентат“, објави Франс Блу.

Шестмина обвинети се товарат за учество во терористичко и злосторничко здружување.

Истрагите покажаа дека Анзоров не бил еден од учениците на Пати, а неговото име е откриено на социјалните мрежи.

Живеел на околу 100 километри од училиштето во кое предавал Пати.

Судењето треба да заврши кон крајот на декември.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски се потпиша во Книгата на жалост:Секој изгубен живот остава трага во општеството- како Влада стоиме рамо до рамо со нашите соседи

Следно

Турскиот претседател во Киргистан за самитот на Организацијата на туркиски држави

Latest from Blog

Ослободени петмината осомничени за тероризам од американската база. Трамп: Изненаден сум

RAF Ферфорд е британска воздухопловна база во Глостершир која интензивно ја користат американските воздухопловни сили, особено за стратешки бомбардери и летови со долг дострел. Заради инцидентот, завчера рано наутро беше прогласена вонредна

Напад пред прагот на НАТО: Руско беспилотно летало удри близу границата, се огласија сирените

Според полските власти, леталото погодило цел на оддалеченост од приближно два километри од граничниот премин. Како одговор на нападот, Полска подигна воени авиони и ги стави своите сили во состојба на готовност.

PDK mban nesër konferencë për media

Partia Demokratike e Kosovës (PDK), nesër mban konferencë për media. Kjo u bë e ditur nga përmes një njoftimi për media të lëshuar nga partia, teksa nuk treguan arsyen e kësaj konference.
Go toTop