Директорот на БЈБ Јанев на генерално собрание на ИНТЕРПОЛ, во фокус меѓународната полициска соработка

November 4, 2024
1 min read

Во Глазгов, Шкотска – Обединетото Кралство денес започна четиридневното Генерално Собрание на ИНТЕРПОЛ кое ќе трае до 07.11.2024 година, на кое македонската делегација ја предводи Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев. Генералното Собрание беше отворено од страна на Премиерот на Обединетото Кралство, Кер Стармер.

Во текот на Генералното Собрание ќе се дискутираат теми кои се од витално значење за меѓународната полициска соработка која се спроведува преку ИНТЕРПОЛ, најголемата светска полициска организација со 196 држави членки ширум светот.

Темите опфаќаат нова генерација на полициски капацитети за размена на информации во борбата против тероризмот, организираниот криминал, сајбер криминалот и борбата против финансискиот криминал и корупцијата. Од огромно значење е и размената на биометриски податоци, вештачката интелигенција и иднината на полициското работење, како и поврзување на полициите преку глобално партнерство.

Во текот на Генералното Собрание ќе биде избран новиот Генерален Секретар на ИНТЕРПОЛ, кандидатот од Бразил, г.Валдеси Уркиза, како и останати членови на Извршниот Комитет на Организацијата.

Во текот на првиот ден од Генералното Собрание, македонската делегација оствари средба со делегацијата од Колумбија, на која беше договорено започнување на постапка за потпишување на Договор за соработка на полето на размена на информации и учество во заеднички истраги против трговијата со дрога и другите форми на организиран криминал, како и со делегациите од Обединети Арапски Емирати, Јужна Кореја, Турција и Франција, со кои беа дискутирани важни прашања за продлабочување на билатералната соработка со овие држави, во насока на зголемување на размената на информации за сите области на криминал, имплементирање на софистицирани методи, алатки и напредни технологии при постапувањето на полицијата, а воедно се дискутираше и за предизвиците со кои се соочуваат полициските служби во дигитален свет во кој денес живееме.

Македонската полиција ја етаблираме во рамноправен партнер за соработка во глобални рамки.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трет ден на жалост во Нови Сад: Повредените и натаму во тешка состојба

Следно

ЗНМ: Се зголемува бројот на тужби против новинари

Latest from Blog

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Премиерот Христијан Мицкоски утре доаѓа во Тетово

Утре 23.03.2026 година (понеделник) претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“, инофрмираат од владината прес-служба.
Go toTop