Над 1.800 Палестинци убиени во нападите на Израел врз северниот дел на Газа

November 4, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Повеќе од 1.800 Палестинци се убиени откако Израел започна смртоносни напади врз северниот дел на Газа минатиот месец, соопштија локалните власти денес, јавува Анадолу.

„Над 1.800 луѓе се убиени, 4.000 се повредени, а стотици сѐ уште се водат како исчезнати во оваа тековна агресија“, се вели во соопштението на владината Канцеларија за медиуми на Газа.

„Сите болници во северниот дел на Газа се уништени и не се во употреба, цел беа екипите на цивилната одбрана, а некои од нив беа уапсени“, се додава.

Израелската армија продолжи со смртоносните напади врз северниот дел на Газа од 5 октомври за, наводно, да ја спречи палестинската група на отпорот Хамас да се прегрупира во текот на опсадата на областа. Палестинците, сепак, го обвинуваат Израел дека сака да ја окупира областа и насилно да ги исели нејзините жители.

„Окупациската армија го користеше гладот ​​како оружје против цивилите, спречи 3.800 камиони со хуманитарна помош да влезат во северниот дел на Газа и намерно изгладни речиси 400.000 луѓе таму, вклучително и повеќе од 100.000 деца“, соопшти Канцеларијата за медиуми.

„Исто така, уништи десетици центри за раселени и засолништа во кои се сместени десетици илјади раселени луѓе што ги напуштија своите домови во потрага по безбедност и сигурност.“

Канцеларијата за медиуми апелираше до меѓународната заедница и агенциите на ОН да ги преземат своите одговорности и да извршат притисок врз Израел „да ги запре бруталните злосторства врз цивилите во Газа“.

Израел продолжи со разорната офанзива врз Газа по нападот во октомври минатата година од страна на палестинската група на отпорот Хамас и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот.

Според локалните здравствени власти, оттогаш се убиени повеќе од 43.300 луѓе, главно жени и деца, а над 102.000 се повредени.

Поради израелските напади се расели речиси целото население на територијата, а тековната блокада доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Стојаноски: Неосвестениот богаташ од Дубаи предложува законско решение со низа на грешки

Следно

Македонските кошаркарки ги почнаа мини-подготовките за средбите со Украина и со Португалија

Latest from Blog

ТРГНАЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, ЗАГЛАВИЛ ВО ИСТАНБУЛ: Еве уште еден пример зошто не треба да му се верува на CHAT-GPT

Семејство во Русија заглавило во Истанбул, Турција, и не можело да го продолжи планираното патувањето за Македонија, верувајќи на погрешен совет од Чат Џи-ти-пи (ChatGPT) дека за влез во Македонија на руските

Хаос на „Богородица“: За влез во Македонија се чека и до четири часа, километарски колони на границата

Долги колони од вчера попладне има на границата меѓу Грција и Македонија на граничниот премин „Богородица“. Граѓани на социјалните мрежи коментираат дека чекањето трае и до четири часа. Колоните од автомобили, автобуси,

Николоски: Продолжува интензивната изградба на автопатот Прилеп – Битола

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, соопшти дека интензивно продолжуваат градежните работи на автопатот Прилеп – Битола, оценувајќи го проектот како еден од најзначајните инфраструктурни зафати во земјава. Според Николоски, изградбата
Go toTop