Германската министерка за надворешни работи допатува во официјална посета на Киев

November 4, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок денес пристигна во официјална посета на главниот град на Украина, Киев, јавува Анадолу.

Во соопштението на Федералното министерство за надворешни работи на Германија се вели дека ова е осма посета на Баербок на земјата разорена од војна од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година. Се очекува таа да се сретне со највисокото украинско раководство.

Баербок истакна дека Украинците покажале „огромна издржливост“ и покрај различните закани што се наѕираат со претстојните зимски месеци.

„Путин сака да го скрши народот на Украина, да го фрли на колена со секој напад“, изјави Баербок.

„Ние се спротивставуваме на оваа бруталност со нашата хуманост и поддршка, за да може Украинците не само да ја преживеат зимата, туку и нивната земја да може да преживее. Затоа што тие ја бранат и нашата слобода во Европа“, додаде таа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

И во наредните денови сончево време со студени утра

Следно

Захариевски повеќе не е тренер на Вардар

Latest from Blog

ТРГНАЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, ЗАГЛАВИЛ ВО ИСТАНБУЛ: Еве уште еден пример зошто не треба да му се верува на CHAT-GPT

Семејство во Русија заглавило во Истанбул, Турција, и не можело да го продолжи планираното патувањето за Македонија, верувајќи на погрешен совет од Чат Џи-ти-пи (ChatGPT) дека за влез во Македонија на руските

Хаос на „Богородица“: За влез во Македонија се чека и до четири часа, километарски колони на границата

Долги колони од вчера попладне има на границата меѓу Грција и Македонија на граничниот премин „Богородица“. Граѓани на социјалните мрежи коментираат дека чекањето трае и до четири часа. Колоните од автомобили, автобуси,

Николоски: Продолжува интензивната изградба на автопатот Прилеп – Битола

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, соопшти дека интензивно продолжуваат градежните работи на автопатот Прилеп – Битола, оценувајќи го проектот како еден од најзначајните инфраструктурни зафати во земјава. Според Николоски, изградбата
Go toTop