Партиите што реално што саркастично секојдневно за можноста од двојни избори наредната година

November 2, 2024
1 min read

Мицкоски му одговори на Ахмети – ДУИ да се подготвува за одговорност, а не за предвремни избори. Премиерот вели дека предлогот за предвремено изборно соочување упатен до Филипче на пратеничките прашања во четвртокот бил со цел да укаже на предноста на ВМРО-ДПМНЕ, а на Ахмети му порача дека дека Владата пред помалку од шест месеци добила над 600.000 гласови и дека во следните четири години ќе се фокусира на реформи и проекти. 

– Јас тоа што имав да го кажам го кажав. Тоа беше одговор на коментар на Претседателот на СДСМ, во рамките на пратенички прашања во Парламентот со што целта беше да излезат сите оние лажни лица кои ги има во опозицијата меѓусебе се храбрат, а кога ќе дојде време да се испорача таа храброст, кукавички се затскриваат Јас разбирам дека раководстовто на ДУИ не сака да биде во опозиција и исплашени дека конечно ја чувствуваат и тие одлучноста на Владата за борба против криминалнот и  корупцијата, знаат се што имаат правено изминативе 20 години и свесни се дека полека доаѓа денот кога треба да бидат одговорни и затоа како резултат на тој страв би рекол непренципиелно се храбрат и мислат ќе магнетизираат повеќе гласачи, но мојата порака до нив е  да се подготват за одговорност, а за избори кога ќе дојде време ќе се подготвуваме. – рече Мицкоски.

Ахмети пак преку објава на Фејсбук му одговори на Мицкоски – граѓаните нека одлучат по една и пол година за која опција се. 

– Затоа, не бараме учество во Владата за да избегаме од било каква измислена одговорност во континуитет во овие 22 години, која одговорност секогаш се споделувала со вас, туку да го почитуваме гласот на сувереност, да се престане со понижувањето на Албанците, да ја интегрираме земјата во Европската унија, за добри меѓуетнички и меѓусоседски односи, за целосен ветинг на политичарите, судиите, обвинителите, олигарсите, процесот на приватизација, како и меѓународно мониторирана неселективна правда.Ние сме подготвени, како што побаравте од говорницата на Собранието, граѓаните да го кажат својот збор за сите овие прашања и да утврдат по една и пол година од вашата влада ЗА кој пат се! – рече Ахмети.

За повикот на Ахмети за предвремени избори, претходно се огласи и Изет Меџити, од владејачката коалиција кој на лидерот на ДУИ му порача дека треба да се подготви да биде уште долго време во опозиција. Последните парламентарни избори се одржаа на 8 мај, по што СДСМ и ДУИ, по седумгодишно владеење, заминаа во опозиција.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Македонската кикбокс сениорска репрезентација на ВАКО Европското кикбокс првенство 2024 во Атина

Следно

Србија во шок и во жалост – 14 загинати од рушење на бетонска настрешница на железничката во Нови сад

Latest from Blog

ВЛЕН: ДУИ е одговорна за депонијата во Трубарево и еколошката катастрофа во Скопје

Пратеникот и лидер на ВЛЕН, Изет Меџити, ја посочи ДУИ како главен виновник за еколошката катастрофа што ја доживува Скопје и цела Северна Македонија, поради дозволата за работа на депонијата за електронски

Наунова носител, Тоневски кандидат за градоначалник – ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе листата во Пробиштип

Во рамки на подготовките за локалните избори 2025, ВМРО – ДПМНЕ официјално ја поднесе својата советничка листа во Пробиштип. Листата ќе ја предводи професорката Александра Наунова, а кандидат за градоначалник е Тони

Димитриеска – Кочоска: Европската банка за обнова и развој ја движи модернизацијата на земјата

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) останува најактивен меѓународен партнер на Северна Македонија во реализацијата на стратешки проекти од значење за граѓаните и економијата, истакна министерката за финансии, Гордана Димитриеска –

Коњановски: „Секој тон од ‘Македонијо, во срце те носиме!’ е порака за љубов кон Македонија“

Со концерт исполнет со патриотски емоции и силни изведби, во Битола продолжи концертниот караван „Македонијо, во срце те носиме!“. Настанот привлече голем број граѓани кои заедно со изведувачите ја славеа љубовта кон

Трамп: Зеленски и Путин се мразат толку многу што не можат да дишат, ќе морам јас да ги зближам

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата ја повтори својата подготвеност да воведе нови санкции врз Русија, но постави јасен услов – посилен одговор од европските земји и сојузниците од НАТО. Во разговор
Go toTop