Николоски: За три години од денес, од Скопје до Битола ќе имаме автопатско решение

October 31, 2024
1 min read

Во сабота почнуваат конкретните активности за изградба на автопатот Прилеп – Битола, проект кој целиот Пелагонски регион го очекува. Автопатот ќе биде модерен со вкупно шест ленти, со по три ленти од двете страни и помошен алтернативен пат. За три години ќе имаме нов модерен автопат кој ќе донесе економски развој на Пелагонискиот регион, одговори заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на пратеничко прашање.

„Од Градско до влезот на Прилеп ќе се вози по експресен пат, тука ќе има еден кружен тек каде лево ќе се влегува за Прилеп а десно до Битола ќе се вози по нов автопат.  За три години од денес, од Скопје до Битола ќе имаме автопатско решение, што значи дека патувањето од Скопје до Прилеп ќе се намали на еден час и десетина минути, а до Битола на еден час и четириест минути, што значи ќе се смени динамиката на развој, раздвижување на економијата, на бизнисот бидејќи голем дел од од БДП-то доаѓа од овој регион. Бенефит ќе имаат и општините во тој дел Кривогаштани, Крушево, Могила, Новаци, Ресен. Ова е огромен проект кој не е виден во Централна Македонија и кој целосно ќе ја промени сликата во Пелагонскиот регион” истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. 

Тој потенцирше дека во изминатиот период  се соочил со бројни предизвици за овој проект како што е деминирање на бројни експлозивни направи од првата светска војна каде со помош на Министерството за одбрана се засилила динамиката на деминирање на теренот и се ослободиле 12 километри за работа. Исто така најголем проблем како што рече било и експропријацијата која во изминатите три месеци решени се околу 2400 предемти за експропријација, за три пати повеќе отколку претходно што се работело, истакна министерот Николоски.  

Тој додаде дека активно се работи и на изградба на експресниот пат Градско -Дреново кој се очекува да се пушти за сообраќај до Нова година, како и на изградба на експресниот пат од Дреново до Фариш кој се очекува да се заврши и да се пушти за сообраќај на пролет следната година.

„Решивме да не правиме калкулации и да работиме. Експресниот пат беше пред раскинување на договорот, имајќи предвид дека овој патен правец се работи со средства од ЕУ и средства од буџетот.  Една и пол година не била формирана комисија со што се соочувало да се раскине договорот, изведувачот да оди на арбитража и со голем можност да ја добие арбитражата. Комисијата ја формиравме, ги надминавме проблемите и активно се работи на неговата изградба и очекувам до Нова година да биде завршена првата фаза до Дреново, а од Дреново до Фариш да биде завршен напролет следната година“, истакна министерот Николоски.

Тој најави дека следната година ЈП за државни патишта ќе избере изведувач за доизградба на експресниот пат од Фариш до Прилеп.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Компанијата „Филип Морис“ ќе затвори две фабрики во Германија

Следно

Николоски: За три години ќе имаме нов, модерен и безбеден автопат Прилеп- Битола, во сабота започнуваме со активности

Latest from Blog

Гаши ќе ги извести Уставен и Судски совет за поништувањето на изборот на судијката Дуковска

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, веќе ја подготвил и ќе ја испрати писмената нотификација со која го информира Уставниот суд и Судскиот совет за одлуката на Управниот суд, со која пак се

Првите резултати од претседателските избори во Романија покажуваат водство на Никушор Дан

Независниот кандидат и актуелен градоначалник на Букурешт Никушор Дан води на претседателските избори во Романија, покажаа првите резултати од излезните анкети на социолошките агенции Авангард и Курс, пренесува Диџи24. Втор е кандидатот

ТФТ го збриша Работнички за пласман во финалето на кошаркарскиот плеј-оф

Кошаркарите на ТФТ се вториот финалист во плеј-офот од домашното кошаркарско првенство. Во третиот меч од полуфиналната серија, ТФТ како гостин го прегази Работнички со 73:92 и дојде до третата победа која

Заврши гласањето на локалните избори во Хрватска

Избирачките места за локалните избори во Хрватска се затворија во 19:00 часот по локално време. Хрватите денеска ги избираа своите претставници за следните четири години во обласните, општинските и градските совети, како
Go toTop