Петрушевски: Директор во МЕПСО од СДС и ДУИ претходно бил управител во Шанси инвест од Албанија која добила 10 милионски тендер

October 31, 2024
1 min read

Раководството на МЕПСО од СДС и ДУИ имало длабоки релации со Албанската фирма Шанси инвест, која го добила тендерот за набавка на уред за корекција на напонски профил заедно со Далековод АД Загреб, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Мелаим Адеми кој бил раководител на комерцијален сектор во МЕПСО, кога Шанси инвест го добила тендерот, своевремено бил управител на подружницата на Шанси инвест во Скопје. ЈО треба веднаш дс отвори постапка за оваа набавка, и да ги испита сите докази“, изјави Петрушевски и постави прашања:

-Дали Шанси инвест е фирма која е параван за наплата на функционери на СДС и ДУИ?

-Колку пари од МЕПСО завршиле на сметка на Шанси инвест, која буквално нема никаква додадена вредност во набавката, освен штанцање на фактури кон МЕПСО за наплата, пред да и префрли пари на фирмата производител?

-На чии сметки на лица од СДС и ДУИ требале да завршат парите во разликата во цени од Шанси инвест?

-ЈО да презема акција. Одговорност мора да има, потенцираше во изјавата Бране Петрушевски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Подготвен нов предлог-закон за учебници, јавноста може да дава сугестии

Следно

Египетскиот претседател разговараше со директорот на ЦИА за напорите за прекин на огнот во Газа

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop