Харис и Трамп со завршни пораки во изборната кампања

October 30, 2024
1 min read

Шест дена до крајот на претседателската изборна кампања во Соединетите Американски Држави, прогласена за најтурбулентната и најинтензивна во последните години. И во финалната недела изборната борба помеѓу двата кандидати е неизвесна и жестока –  Доналд Трамп и Камала Харис се во мртва трка, разликата помеѓу нив на анкетите е минимална.

Во овој период, онлајн пазарот на политичко обложување доживеа вистински бум – американските граѓани веќе потрошија над 100 милиони долари на онлајн берзата типувајќи за победа на еден од кандидатите. 

Екипата на ТВ 24 зборуваше со неколку обложувалници дали кај нас постои понуда за политичко обложување. Пред камерата тие не сакаа да говорат, но велат ниту некогаш постоела таква можност, ниту пак некој од граѓаните кои ги посетуваат обложувалниците пројавиле интерес за тоа. 

Иако САД е стратешки партнер на Македонија и резултатите од претседателските избори имаат значење и за нашата држава, малку од македонските граѓани ја следат изборната трка и се заинтересирани за политиките на кандидатите, дури и ако се однесуваат на нас и на земјите од Западен Балкан. 

Проценките се дека над 1 милијарда долари се потрошени во онлајн типувањето од заинтересирани граѓани низ целиот свет – дури и земјите од регионот како Хрватска и Србија учествуваат во обложувањето.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Турската Црвена полумесечина продолжува со испораката на помош за Газа и покрај тешките предизвици

Следно

На 2-ри ноември ќе се одржи „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ со поддршка на МЗШВ

Latest from Blog

Пресврт во случајот „Пулс“: Лиценцата од 2012 е издадена за друг објект, покажуваат доказите

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, Јавното обвинителство продолжи со изведување на докази кои се однесуваат на постапките во Министерството за економија и Државниот пазарен инспекторат. Пред судот беа презентирани записници, барања,

Битола добива нов паркинг: Почнуваат работите на „Овчи пазар“

Од понеделник, 29 јуни 2026 година, ќе започнат подготвителните активности за изградба на паркинг просторот „Овчи пазар“, информира изведувачот на градежните работи. Проектот опфаќа изведба на коловоз, атмосферска канализација, улично осветлување и

СЛУЧАЈНОСТ ИЛИ НЕШТО ПООПАСНО? Силни потреси во три различни делови од светот

Три силни земјотреси во ист ден ги погодија Јапонија, Венецуела и американската сојузна држава Калифорнија, предизвикувајќи загриженост и прашања дали овие настани се меѓусебно поврзани, пишува CNN. Во Јапонија беше регистриран земјотрес
Go toTop