Најмалку 72 загинати во катастрофалните поплави во Шпанија

October 30, 2024
2 mins read

ОВИЕДО (АА) – Во катастрофалните поплави во источна Шпанија загинаа најмалку 72 лица, објави попладнево шпанската државна телевизија, пренесува Анадолу.

Најмалку 70 лица загинаа во регионот на Валенсија и уште две лица во Кастиља-Ла Манча. Во Паипорта, еден од најтешко погодените градови, градоначалникот рече дека има „десетици загинати“ од невремето.

Властите сè уште не дадоа бројка на исчезнати.

Според шпанската метеоролошка агенција, најновиот биланс на жртви доаѓа по страшната ноќ на разорни поплави, предизвикани од најтешкото невреме на векот, на кое слични се само две бури во 1980-тите години.

Премиерот Педро Санчез ги повика жителите да останат внимателни бидејќи невремето продолжува низ Пиринејскиот Полуостров, предупредувајќи дека воздушниот фронт „сè уште предизвикува хаос“ и дека вонредната состојба е далеку од готова.

Попладнево, Владата на Каталонија активира црвено предупредување во делови од провинцијата Барселона. Метеоролошката агенција на Шпанија, исто така, активира црвено предупредување за подрачја на Кадиз.

Санчез повика на единство и солидарност, предупредувајќи ги жителите во погодените региони како Валенсија, Андалузија и Екстремадура, да избегнуваат патување во близина на клисурите и бреговите на реките, и да ги следат советите за вонредната ситуација.

Тој вети целосна поддршка, уверувајќи дека ќе бидат обезбедени сите државни ресурси – и, доколку е потребно, помош од ЕУ.

– За само неколку часа паднат дожд како за една година –

Невремето започна во вчера, кога за неколку часа паднаа количини на дожд како за една година, предизвикувајќи реките брзо да се излеат од коритата, па дури беа предизвикани и торнада.

Патиштата и градовите почнаа да се поплавуваат, поради што властите ја прекинаа железничката мрежа околу Валенсија, ги откажаа летовите и на крајот побараа од жителите да останат во своите домови.

Меѓутоа, до моментот кога владата испрати предупредувања за итноста на состојбата, барајќи од луѓето да останат во домовите или да се префрлат на повисоки места, голем дел од штетата веќе беше направена.

Реките се излеаја низ градовите, патиштата и населбите, а стотици луѓе беа заробени на покривите на домовите, возилата, трговските центри или индустриските области; некои се качуваа и на дрвјата.

Очајните жители преку социјалните мрежи побараа спас поради колапс на локалните линии за итни случаи поради поплавените згради и огромниот обем на повици.

Во Валенсија, спасувачките операции продолжија и попладнево. Шпанското Министерство за одбрана распореди околу 1.000 припадници на вооружените сили.

„Не можевме да дојдеме до погодените кога им беше најпотребно“, изјави утрово Хозе Мигел Басет, шефот на пожарникарите во провинцијата Валенсија, за шпанската телевизија РТВЕ. „И сè уште немаме пристап до сите места“.

Владата на Валенсија отвори посебна телефонска линија за пријавување исчезнати лица.

До жителите сè уште се апелира да избегнуваат патувања по автопатите, а повеќето училишта во автономниот регион се затворени.

Во меѓувреме, бурата продолжува да се движи низ Пиринејскиот Полуостров, а за поголемиот дел од североисточна и југозападна Шпанија има метеоролошки аларм за обилни врнежи од дожд.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски и остави отворена врата на Зајкова – ЛДП останува да делува независно во парламентот, вели таа

Следно

Турската Црвена полумесечина продолжува со испораката на помош за Газа и покрај тешките предизвици

Latest from Blog

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската

Ковачки: Го поседувам највисокиот национален безбедносен сертификат државна тајна, како и највисокиот НАТО сертификат

Новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник во македонското Собрание, Драган Ковачки, вечерва гостуваше во Тема на денот на Сител телевизија при што одговори на лиферуваните лаги и манипулации со клевети

Владата меѓу договор и генерален штрајк

Идната недела ССМ на блокади, УПОЗ во обид да го скрои договорот за повисоки плати во нивните редови. Во Министерството за финансии попладнево синдикатот и надлежните ќе работата на документот со кои

Трамп го отстрани, но не се извинува видеото на кое Мишел и Барак Обама се прикажани како мајмуни

Трамп призна дека им наложил на помошниците да го објават, но тврди дека не го видел навредливиот дел од видеото.  Контроверзната снимка се појави на една од објавите на неговата платформа truth
Go toTop