„Нека се засрамат оние кои ги нормализираа односите со Израел“, порачаа на собир за Газа во Јордан

October 30, 2024
1 min read

АМАН (АА) – Во Јордан се одржа протест против израелскиот геноцид и нападите на северот на Појасот Газа, јавува Анадолу.

На собирот што се одржа под слоганот „Спаси ја Џабалија“ на покана на Исламскиот работнички фронт присуствуваа голем број граѓани.

Демонстрантите се собраа пред џамијата „Хусајни“ во главниот град Аман, а потоа одржаа мирна прошетка до плоштадот „Нахил“.

Насобраните извикуваа слогани „Нека се срамат оние кои ги нормализираа односите со Израел“, и „Нашиот народ го запалија во шатори, а Арапите потпишуваат мир со нив“.

Граѓаните држеа и антиизраелски транспаренти на кои пишуваше дека мора да им се помогне на Палестинците.

Палестинците во северниот дел на Газа, под опсада на Израел веќе 25 дена, се борат за опстанок.

Прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) со која се бара итен прекин на огнот, Израел ја продолжи својата брутална офанзива врз Појасот Газа од октомври минатата година.

Оттогаш, според локалните здравствени власти, повеќе од 43.000 Палестинци, главно жени и деца, се убиени, а повеќе од 101.100 се ранети.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради неговите постапки во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СДСМ: Обвинителството да постапи и да го испита сертификатот на директорот на АНБ

Следно

Трипл-дабл на Јокиќ за нова победа на Денвер после продолженија

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Ги отвораме вратите за нови инвестиции и економско поврзување со Шведска

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари средба со амбасадорот на Кралството Шведска во земјава, Ола Сулстром, на која било разговарано за унапредување на соработката меѓу двете земји. Како што информира Димитриеска-Кочоска, фокусот

„WFP“: Гладот ​​се влошува

Јемен се соочува со најтешката ескалација на конфликтот меѓу Саудиска Арабија и движењето Хути, поддржано од Иран, откако примирјето постигнато со посредство на ОН во 2022 година во голема мера ги запре

Португалската федерација ќе се обиде да се смири со Роналдо

Заминувањето на Кристијано Роналдо од кампот на португалската репрезентација е главна тема во земјата, но и во фудбалска Европа. Фудбалската федерација на Португалија не сака соработката со еден од најголемите играчи во
Go toTop