Нова детска градинка ќе се гради во Општина Ѓорче Петров- Мицкоски утре ќе присуствува на камен темелникот

October 29, 2024
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски утре во 11 часот ќе присуствува на поставување камен темелник на изградба на нова детска градинка во населено место Ново Село кај Стопански Двор во Општина Ѓорче Петров.

Детската градинка ќе има капацитет за згрижување на над 100 деца, на површина од 415 м2 на приземје и 483 м2 на прв кат. Дечињата на возраст од 0 до 2 години ќе бидат сместени во две групи на приземјето на градинката. Првиот кат е предвиден за поголемите дечиња кои дневните програми ќе ги поминуваат во 4 занимални, односно вкупно 6 занимални заедно со јаслите, поделени на два ката.

Објектот кој ќе биде граден по најмодерни стандарди ќе опфаќа заедничка занимална, повеќенаменски простор, просторија за изолација и просторија за индивидуална работа, гардеробер, кујна, санитарни простории и отворена занимална.

Проектот е финансиран од Владата и е во вредност од 60.000.000 денари, а со ова ќе се намали списокот на деца кои чекаат за упис во детските градинки во Ѓорче Петров.

Најмладите жители добиваат нови и современи објекти за воспитно-образовен процес и едукација од најрана возраст, информираат од Владата.

Предвидено е изјава за медиуми да даде претседателот на Владата Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јаревски: Уставните измени со одложено дејство се оправдан чекор на патот кон ЕУ

Следно

Велес со алармантни бројки: На годишно ниво 1000 новозаболени жени од канцер на дојка

Latest from Blog

Diners Club ги менува правилата на играта: Пристигна Diners One, првата кредитна картичка со „нула денари“ членарина засекогаш

Во свет каде што финансиската транспарентност станува валута сама по себе, Diners Club Македонија го лансираше својот најнов производ кој ветува дека ќе го редефинира односот на потрошувачите кон кредитните картички. Diners

Пакистанската армија тестира домашна ракета за поморска одбрана

Во соопштението се наведува дека ракетата лансирана од брод „прецизно погодила цел со голема брзина на големо растојание“. Ракетата е дизајнирана да „избегне закани, да се приспособи на динамични услови и да

Придобивки од Законот за високото образование

Предлог-законите за високо образование пред финале. Премиерот Мицкоски вели дека текстот не се креирал зад затворени врати туку преку дебати со универзитетите и тоа е решение што треба да даде резултати. Според

Анри: Реал Мадрид мислеше дека е недопирлив, сега навивачите ќе плачат!

Тиери Анри ја анализираше елиминацијата на Реал Мадрид од Лигата на шампионите и нагласи дека Баерн на крајот заслужи да стигне до полуфиналето. Легендарниот француски напаѓач ја пофали храброста на „кралскиот клуб“,
Go toTop