ЈПДП ги демантира СДСМ: Добиена е дозвола само за непречено движење, но не и за неплаќање на патарина

October 28, 2024
1 min read

Од Јавното претпријате за државни патишта денеска испратија реакција по повод прес конференцијата на Менде Илиевски од СДСМ.

„Во врска со изнесените податоци во медиумите со кои се повикува Јавното претпријате за државни патишта на одговорност заради пропуштање на возила без да платат патарина на наплатните станици Петровец, Сопот, Отовица и Градско, ја известуваме јавноста дека барањето беше поднесено од “The Distinguished Gentleman’s Drive” 2024 клубот кој традиционално по 4-ти пат, организираше меѓународен хуманитарен настан, односно глобален собир на историски возила кој се одржа на 29 Септември 2024 година, во 64 држави, во повеќе од 180 градови ширум светот, со цел подигање на свеста во борбата против машките болести меѓу кои и рак на простата и секој член на клубот на овој ден донира одредена сума на сметката на клубот во Лондон“, велат од таму.

Според нив, клубот се обратил Барање до ЈПДП за непрекинато движење на конвојот составен од дваесетина возила т.н олдтајмери што им беше одобрено, а барањето за ослободување од плаќање на патарини не беше одобрено и е во фаза на фактурирање.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шестмина скопјани се истепале за паркинг

Следно

Мицкоски утре ќе се обрати на конференцијата на „Блумберг Адрија“

Latest from Blog

Маглешов: Две теории за ист случај од едно Обвинителство, време е за навремена ревизија

Единственото Јавно обвинителство во државата, како самостоен орган, излегува со две потполно различни правни теории за одговорноста во истиот случај. Ова го истакнува новинарот на Призма (БИРН), Васко Маглешов, предупредувајќи на сериозни

Трамп со ултиматум до Техеран: Отворање на Ормускиот теснец во рок од 48 часа или „уништување“ на електраните

 Само ден откако америкаснкот претседател Трамп најави намалување на воените операции, тој сега му постави ултиматум на Иран.  Заканувајки се дека ќе ги уништи неговите електрани, доколку во рок од 48 часа

Мицкоски: Нема простор за зголемување на платите во Обвинителството, во делот на ресурсите и алатките можеме да разговараме и со нив и со судовите

Во делот на платите сметам дека нема простор за зголемување, а во делот на ресурсите и алатките можеме да разговараме не само со Обвинителството, туку и со судовите, изјави премиерот Христијан Мицкоски,
Go toTop