Трамп: Камала Харис со својата неспособност ќе ги внесе САД во Трета светска војна

October 27, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп предупреди дека неговата демократска ривалка Камала Харис би можела да ги внесе Соединетите Американски Држави (САД) во жешка војна ако победи на изборите на 5 ноември, велејќи: „Таа ќе нѐ воведе во Трета светска војна, гарантирано, бидејќи таа е премногу неспособна да ја врши работата“, јавува Анадолу.

На вчерашниот митинг во Пенсилванија, поранешниот претседател Трамп рече дека потпретседателката Камала Харис не би била способна да „се носи“ со лидери како рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот Си Ѓинпинг, јавија американските медиуми.

Изјавувајќи дека светот „никогаш не бил толку блиску“ до глобална војна, Трамп вети дека ќе избегне таква војна доколку стане претседател.

„(Камала Харис) Да се избере за претседател би било коцкање со животите на милиони луѓе. Синовите и ќерките ќе бидат повикани да се борат во војна во земја за која никогаш не сте слушнале“, рече Трамп.

Политичките аналитичари велат дека тековните конфликти и на Блискиот Исток и во Украина претставуваат проблем за Харис, бидејќи тие се случија за време на администрацијата на Харис и претседателот од редот на демократите Џо Бајден.

Харис и нејзините сојузници укажаа на воодушевувањето на Трамп кон „стронгмен“ лидери како што се Путин и севернокорејскиот Ким Џонг Ун, и неговиот презир кон сојузниците на САД во НАТО, обвинувајќи го дека е „фашист“ и велејќи дека ја избрал погрешната страна во конфликтот меѓу демократиите и автократите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Исполнето е едно од клучните ветувања на Владата, општините го добиваат првиот дел од 250 милиони евра за реализација на капитални инвестиции

Следно

УЕФА дисквалификува двајца полски судии кои пијани украле сообраќаен знак

Latest from Blog

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот
Go toTop