Израелските сили фрлија фосфорни бомби врз селата во јужен Либан

October 27, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Израелските сили вчера фрлија фосфорни бомби врз селата во Набатије, јужен Либан, придружени со воздушни напади врз селата во Тир, предизвикувајќи многу пожари, јавија либанските медиуми, пренесува Анадолу.

Во областа Џезине, во јужниот гувернат, израелските воздушни напади беа насочени кон областите околу селата Ал-Ајшије, Сајд и Џермак, објави Либанската национална новинска агенција.

Силен напад во подрачјето на Катрани доведе до прекин на електричната енергија во неколку градови и предизвика пожар во шумскиот регион Жура Кадр, додаде агенцијата.

Во Марџајун, гувернатот Набатије, израелски воздушен напад е извршен во близина на Адаисе и предградието на Тајбе.

Во Хасбаја, артилериско гранатирање со фосфорна муниција е извршено врз областите околу градовите Халта и Вади Ханса, додека воздушен напад го погоди и Источен Зутр во Набатије.

Агенцијата јави и за жестоко артилериско гранатирање во Тир меѓу селата Мајдал Зун и Шамаа, што предизвика дополнителни пожари.

Израелските сили, исто така, нападнаа и булдожер кој работел на расчистување на патот во Рашканија, иако нема јавувања за повредени.

Израел минатиот месец започна голема воздушна кампања во Либан, против, како што тврди, локации на Хезболах што претставува ескалација на едногодишната прекугранична војна меѓу Израел и Хезболах од почетокот на бруталната израелска офанзива на Појасот Газа.

Израел го прошири конфликтот оваа година со започнување на копнен упад во јужен Либан на 1 октомври.

За повеќе од една година од почетокот на офанзивата врз Газа, Израел уби речиси 43.000 Палестинци, а повредени се над 100.000, според официјалните податоци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Автопатот кон Блаце по траса за жнеење милиони на блиски до СДС и ДУИ, наместо автопат имаме пустелија

Следно

НБА: Лејкерси до неверојатен пресврт и победа против Сакраменто

Latest from Blog

Словенците откриваат кој е нивни најголем проблем, но дали Македонија тоа ќе го искористи?

Словенија слично како Македонија, разочара во првиот меч од Лига на нации, но сепак освои бод на свој терен против Шкотска (0:0). Голманот Јан Облак со неколку одлични одбрани е најзаслужен што

Македонската берза во нагорна линија: Банкарските акции со значаен раст

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 29.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.814,99 поени. Во однос

Динитриеска-Кочоска: Со САД продолжуваме да ги модернизираме јавните финансии

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средба со Лаура Хостели од Канцеларијата за техничка помош на Министерството за финансии на САД, на која биле разгледани тековната поддршка и проектите насочени кон
Go toTop