​Ѓорѓиевски: ЗЕЛС ќе посредува за надминување на недоразбирањата, Костадинов да не ја става политиката пред потребите на граѓаните

October 26, 2024
1 min read

Во вечерашното гостување на Дневникот на МТВ, Претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски посочи дека гледа вештачко креирање на проблеми и политика во најавите на градоначалникот на Карпош и на Струмица дека ќе го напуштат ЗЕЛС. Посебно го издвои однесувањето на струмичкиот градоначалник кој одбива комуникација и подадена рака за помош од него и од другите колеги, ставајќи ги во заложништво своите граѓани заради свои политички цели.

Во двете реакции на моите двајца колеги градоначалници, Јакимовски и Костадинов, преовладува политика. Како што неколку пати кажав, претходно не бев известен ниту беше побаран состанок или средба за да дискутираме за одредени проблеми кои преку социјалните мрежи посочија дека ги имаат со одредени министри, со одредени претставници од централната власт. Сакам да сум јасен дека ЗЕЛС не е Владино тело и ние го изолираме моментот на политичко делување внатре во ЗЕЛС.

Јас и досега сум го покажал тоа и во пракса, а денес за тоа посведочи и мојот колега од Центар, колегата Герасимовски, кој доаѓа од спротивна политичка партија од мојата, и кој истакна дека ние секогаш сме се труделе во ЗЕЛС да нема било какви политички влијанија. И доколку се соочиле со било каков проблем со поединечен министер, секако ќе им била подадена рака за посредување, но доколку за тоа не’ информирале.

Воедно, иако досега избегнував да го коментирам, морам да го истакнам несериозниот однос и пристап кон ЗЕЛС, на колегата од Струмица, Костадинов. Практично, не паметам седница на која се појавил, секогаш праќал замена. Во моментите кога се појави кризниот период, не само јас, туку и повеќе мои колеги и соработници од ЗЕЛС, пробавме да го исконтактираме, да продискутираме со него дали има простор да му помогнеме, да се вклучиме во надминување на кризата со водоводот. Обидите за соработка кој тој тврди дека ги имал, се двосмерна улица и морам да ја информирам јавноста дека сум наишол од него на затворена врата.

И тоа не само јас, туку и други соработници, дури и од неговата политичка партија. Тој денес вербално го нападна и својот колега од Центар, што говори јасно дека политиката сака да ја стави пред граѓаните и пред тоа што е градоначалник и она што треба да го прави за своите граѓани. Тоа е нешто што јас, како Претседател на ЗЕЛС не можам да го дозволам. Не можам да дозволам мешање на политиката во внатре во нашата асоцијација.

Ако некој има поединечна нетрпеливост со одреден министер, тоа не значи дека тоа е конфликт на ЗЕЛС, но значи дека претседателот на ЗЕЛС, заедно со целиот управен одбор може да посредува, да биде медијатор помеѓу министрите и градоначалникот и општината и да не дозволиме ескалирање на проблемот, нешто што било вообичаена пракса и досега. Овде кризата е вештачки создадена-изјави Претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фон дер Лајен: Црна Гора многу напредна на својот европски пат

Следно

Флик: Тимот има самодоверба, играме одлично со топка и без топка

Latest from Blog

Словенците откриваат кој е нивни најголем проблем, но дали Македонија тоа ќе го искористи?

Словенија слично како Македонија, разочара во првиот меч од Лига на нации, но сепак освои бод на свој терен против Шкотска (0:0). Голманот Јан Облак со неколку одлични одбрани е најзаслужен што

Македонската берза во нагорна линија: Банкарските акции со значаен раст

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 29.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.814,99 поени. Во однос

Динитриеска-Кочоска: Со САД продолжуваме да ги модернизираме јавните финансии

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средба со Лаура Хостели од Канцеларијата за техничка помош на Министерството за финансии на САД, на која биле разгледани тековната поддршка и проектите насочени кон
Go toTop