Николоски: Донесовме атрактивни авио дестинации, очекувам цената на билетите да биде доста пристапна

October 26, 2024
1 min read

Првите резултати од владината подршка за нови авиолинии ги дадоа резултатите. Имаме шест нови ексклузивни линии, а особено ми е драго затоа што охридскиот аеродром го отвораме за еден од најголемите аеродроми во Европа, аеродромот во Истанбул кој претставува аеродром со наголем број конекции кон Еворпа и светот, истакна заменик претсдателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски во гостувањето на ТВ Алфа.

Тој потенцираше дека ова е огромна можност за зголемување на туризмот посебно во охридскиот регион и додаде дека оваа линија кон Истанбул, вклучувајќи ја и новата линија Охрид – Базел Милхаус – Охрид, ќе даде нов инпут за развојот на авиосообраќајот имајќи предвид дека имаме голема дијаспора низ Европа и светот но и можност за граѓаните од Албанија да ги користат новите линии од охридскиот аеродорм.

-Во однос на скопскиот аеродром за мене најзначајна е дестинацијата Скопје – Дубаи бидејќи сметам дека Македонија треба да ја отвораме кон средниот и далечниот Исток, има многу можноста за водење бизнис, македонските компании да продаваат на тој пазар, а и инвеститори да доаѓаат во Македонија. Со оваа директна линија значи отворање на многу точки кон Азија. Исто така интересна е дестинација Барселона која што сум сигурен дека ќе ја користат многу македонски граѓани а исто така многу туристи од Шпанија би ја користеле. Ова линија ќе биде годишна а не сезонска. Тука е и Штутгарт како и целосно нова дестинација Лион каде ја отвораме Јужна Франција и се отвора можноста бројни туристи да доаѓаат во Македонија, истакна министерот Николоски.

Во однос на цената, тој потенцираше дека очекува цените на билетите да бидат достапни за граѓаните меѓу 40 – 60 евра, а дека има интерес за нови дестинации потврди дека веќе во ноември ќе се распише и втор јавен повик за финансиска подршка каде се очекува отворање на уште четири до пет нови дестинации.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вучиќ: Вучевиќ не е виновен за одлуката на фон дер Лајен

Следно

Мицкоски: Фокусиран сум на мерката да не бидат зголемени платите на функционерите, да се зголемат платите на вработените

Latest from Blog

Постои опасност пожарот кај Штип да излезе од контрола, ер тракторите упатени натаму

Пожарот што избувна во близина на населбата Сончев Град во Штип и натаму претставува сериозна закана, а поради опасноста еден од краците на огнената стихија да излезе од контрола, воздушните сили за

Зеленски во голем проблем: ПАДНА КОНСТАНТИНОВКА, НАСКОРО И ЛИМАН, А ЗАЛУЖНИ МУ СЕ ЗАКАНУВА

Додека властите во Украина објвуваат слики како жителите на Крим чекаат во ред за бензин и најавуваат скоро влегување на украинската војска на кримскиот полуостров, ситуацијата на теренот не оди во нивни

Аларм за недостиг на персонал во старскиот дом

Алармантна состојбата со недостиг на персонал во кумановскиот дом за стари лица. Наместо 80 вработени, установата која овозможува услуги на над 170 граѓани, во моментов функционира со само 36 вработени. Неопходно е
Go toTop