Мицкоски: Фокусиран сум на мерката да не бидат зголемени платите на функционерите, да се зголемат платите на вработените

October 26, 2024
1 min read

Фокусиран сум на мерката да не бидат зголемени платите на функционерите, а да бидат зголемени платите на вработените во администрацијата и други сектори, истакна денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за неговиот став за зголемување на минималната плата. Посочи дека за мерката да не растат платите на функционерите ќе разговараат внатре во Владата, а еден од начините е намалување на коефициентите.

-Ние со ова замрзнување го намалуваме тој процент од година во година, за да дојдеме до процент еднаков на нула, изјави Мицкоски при денешната посета на општина Аеродром.

Потсети дека во изминатите четири месеци зголемени се пензиите кои веќе ги добија првите 2.500 денари, а следните ќе го добијат во март.

-Со образованието исто така постигнавме договор на подолг рок, сега се работи на здравствените работници. Чекор по чекор се испорачува, она што го очекуваат граѓаните. Се извинувам што овие четири месеци не успеавме се да направиме, но во овие барем година дена да направиме најголем дел од работите, коишто години и децении недостасуваа да се направат, рече Мицкоски.

Посочи дека во Буџетот за 2025 година ќе биде на седница на Влада во вторник, а според него, оваа Влада се темели на стимулирање на инвестициите што ќе ја зголемат продуктивноста.

-Со зголемената продуктивност ќе има поголемо производство, а со поголемо производство ќе има поголем Бруто домашен производ (БДП). Тоа е филозофијата на оваа Влада. Не е филозофијата на оваа Влада да ги зголеми 10 проценти, а да ја качи инфлацијата 20 проценти и практично платите да бидат безвредни. Туку нашата интенција е да ги зголемиме 10 проценти, ама инфлацијата да остане два проценти, односно да бидат вредни тие плати, коишто ги добиваат работниците. Тоа е она што е наша цел, изјави Мицкоски.

Што се однесува до мерката есенска потрошувачка кошничка и до реакциите дека намалувањето на цените на прехранбените производи е минимално, Мицкоски рече дека е подобро да има намалување, отколку зголемување.

-Математички ако гледаме е повеќе од нула, а е подобро да е намалено, отколку да е зголемено, како што беше случајот до пред неколку месеци. Замислете што се случува во овие четири месеци од оваа Влада. Платите повторно растат со истата динамика, како што растеа и претходно со таа разлика што сега Народната банка двапати ја намалува референтната каматна стапка, а инфлацијата се движи на ниво меѓу 2 и 2,5 проценти, нешто што беше мисловна именка за претходната Влада, бидејќи бевме рекордери во инфлација во Европа, имавме инфлација над 20 проценти, рече Мицкоски.

Според него, охрабрувачки индикатор е што имаме раст на платите, а инфлацијата е за десет пати намалена.

-Дали е доволно? Не е, ќе работиме за уште повеќе, следниот месец да биде 1.500, па 2.000 итн, се додека не бидеме сите задоволни, истакна Мицкоски при денешната посета на Општина Аеродром.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Донесовме атрактивни авио дестинации, очекувам цената на билетите да биде доста пристапна

Следно

Има ли криза во Владата – Мицкоски со поддршка за човекот кој го нападна Николоски

Latest from Blog

Дури 31 тон злато ќе го премине океанот- богатството од 4 милијарди долари би можело да заврши во Њујорк

Ова се златните резерви на Венецуела кои се наоѓаат во трезорите на Банката на Англија, а според информациите објавени од SEEbiz, се водат разговори за нивно преместување во Федералната резервна банка на

Хет-трик на Олисе, погоди и Мусијала: Баерн победи со лото резултат (Видео)

Баерн Минхен конечно се искачи на врвот од Бундеслигата, барем привремено, откако победи со неверојатни 7-0 против Унион Берлин на отворањето од четвртото коло. Победникот беше решен уште во првото полувреме, кога

САД објавија нови документио за НЛО (ВИДЕО)

Меѓу објавените материјали се десетици датотеки за воената програма на САД која нарачала студии за ворп-погони и црводуши, како и мистериозни повреди што истражувачите ги поврзале со можни средби со неидентификувани летала,
Go toTop