Фон дер Лајен денеска во Косово, средба со премиерот Курти

October 26, 2024
1 min read

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во рамки на нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан, денеска ќе престојува во Косово, каде што ќе се сретне со премиерот Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението на службата за информирање на косовската Влада, средбата на Фон дер Лајен со Курти ќе се одржи во кабинтетот на косовскиот премиер, со почеток во 11.15 часот.

Од Косово, претседателката на Евтопската комисија денеска ќе отпатува за Подгорица, каде што ќе ја заврши нејзината четиридневна турнеја на регионот, која започна во средата, на 23 октомври, со посета на Албанија.

Од Тирана, Фон дер Лајен во четвртокот допатува во Скопје, а истиот ден, по средбите со македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова и со премиерот Христијан Мицкоски, отпатува за Босна и Херцеговина, каде што ги посети областите погодени од неодамнешните поплави.

Од Сараево Фон дер Лајен вчера замина за Белград, каде што имаше средба со српскиот претседател, Александар Вучиќ.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Повеќе од 500.000 луѓе избегале поради војната од Либан во Сирија

Следно

Убава вест за граѓаните кои сакаат да патуваат: Од аеродромот во Скопје до 44 дестинации низ светот, до четири од Охрид

Latest from Blog

Трибините „експлодираа“ кога Ѓоковиќ се појави во Арената во Белград (Видео)

Најголемиот спортист во историјата на Србија, тенисерот Новак Ѓоковиќ, е присутен на натпреварот од првото коло на Евролигата помеѓу Црвена ѕвезда и Жалгирис, кој се игра на „Белградска Арена“. Тој влезе во

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата
Go toTop