Џо Бајден и Џенет Јелен предупредија на економска криза во САД доколку не се зголеми лимитот на јавниот долг

February 15, 2023
1 min read

Американскиот претседател Џо Бајден и министерката за финансии Џенет Јелен предупредија на потенцијална економска криза доколку не се постигне договор за зголемување на горната граница на федералниот долг.

Бајден, говорејќи во Националната асоцијација на окрузи во Вашингтон, рече дека многу локални влади се опоравиле од пандемијата, но дека „некои во Конгресот го ставаат на ризик тој напредок заканувајќи се дека ќе ја доведат Америка во ситуација кога не може да го отплаќа својот долг“ што, како што оцени, би било погубно за окрузите и за сојузната држава.

– Дури и приближувањето кон неизвршување на обврски ќе ги зголеми трошоците за задолжување, што ќе го отежне финансирањето на клучните проекти во локалните заедници, рече американскиот претседател.

Загриженоста за плафонот на долгот е резултат на политичката пресметка меѓу републиканците во Претставничкиот дом, кои сакаат да ги намалат трошоците, и демократскиот претседател кој инсистира на зголемување на лимитот без услови.

И министерката за финансии предупреди на „катастрофа“.

– Долгорочно, неисполнувањето на обврските би ги зголемило трошоците за задолжување. Идните инвестиции, вклучително и јавните инвестиции, би станале значително поскапи. Би се зголемиле плаќањата на домаќинствата за хипотеки, автомобилски кредити и кредитни картички, рече Јелен.

Таа истакна дека е малку веројатно федералната влада да може исплаќа милиони Американци, вклучително и воени семејства и постари лица кои се потпираат на социјалното осигурување.

Минатиот месец Јелен го информираше Конгресот дека САД ќе го достигнат лимитот за задолжување и дека потоа ќе се прибегне кон „вонредни мерки“ за да избегне банкрот.

Во писмото до лидерите на Сенатот и Претставничкиот дом, Џенет Јелен рече дека нејзините мерки ќе му купат време на Конгресот да усвои закон со кој или ќе се зголеми лимитот на долгот, кој сега изнесува 31,4 трилиони долари, или пак ќе го суспендира на одредено време.

Тие мерки вклучуваат откажување од некои плаќања, како што се оние за федералните пензиски планови на вработените, за да се направи простор за други плаќања кои се сметаат за неопходни, вклучително и придонеси за социјално осигурување.

Затоа, од клучно значење е Конгресот навремено да реагира и да го зголеми или суспендира лимитот за задолжување, рече Јелен.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Два посилни земјотреса утринава ја погодија централна Турција

Следно

Чешко-словачката црква ја призна автокефалноста под името „Православна црква на Северна Македонија“

Latest from Blog

Николоски: Инвестициите во Коридорите 8 и 10 ќе ја поврзат Македонија со регионот и ќе донесат силен економски развој

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска на два одвоени форуми „Македонија 2025“ и Македонско-Албанскиот бизнис форум ги презентираше клучните инфраструктурни проекти, инвестициите и нивното економско влијание врз државата

Поранешна фудбалерка стана прв спортски директор на Бундеслигаш

Поранешната професионална фудбалерка Кетлин Кригер ќе стане нов спортски директор на бундеслигашкиот клуб Хамбургер , наследувајќи го Стефан Кунц. Клубот од Северна Германија го објави ова во вторник. Хамбургер не ја откри

„Златната купола“ на Трамп ќе чини 1,2 билиони долари, тој најави дека ќе биде далеку поевтина

Планот на претседателот Доналд Трамп за поставување оружје во вселената, програмата за ракетна одбрана позната како „Златната купола на Америка“, ќе чини околу 1,2 трилиони долари во текот на 20 години, според
Go toTop