Промоција на стихозбирката „Град без сенка“ од Никола Наумовски

October 24, 2024
1 min read

Промоцијата на стихозбирката „Град без сенка“ од Никола Наумовски, издание на ПНВ Публикации од Скопје, ќе се одржи во четврток, 24 октомври, со почеток од 20:00 часот во бифето на Младинскиот културен центар ‒ Скопје.

Книгата низ разговор со авторот ќе ја претстави Јулијана Величковска.

‒ Стихови што како едвај да преживеале некакво давење при апокалипса, од кои се цеди градскиот смог растворен во водата на вечната река, од која се огласува виежот на речните пци, додека коските на Месечината кришум мируваат во брезова кутија… Симболизмот не е мртов! Никола Наумовски во „Град без сенка“ те води низ атмосфера на тегобност, атмосфера што е толку бучна, низ турканици и врева, среде џагорот на светот што е видлив, реален, опиплив, но, како некој да ти дал магични очила, па наеднаш во тој урбан пејзаж можеш да го видиш и времето сегашно, и времето минато, и времето идно, да ги слушнеш и да ги видиш и соништата, и вселената, и копнежите… и сета таа мешаница, сепак, некако придушена, стишена и раскажана низ средениот хаос на „расечените“ мисли. „Град без сенки“ се чита повеќепати, се чита на глас, лизга по јазикот, а зборовите маѓепсуваат додека го слушаме сопственото ехо, истакнува Јулијана Величковска.

Никола Наумовски (1994, Куманово) дипломирал музичка теорија и педагогија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Добитник е на првата награда на конкурсот „Млади поети“ одржан во чест на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески од страна на Агенцијата за млади и спорт (АМС) во 2021 година, како поет. Застапен е во „Ново раѓање на зборот: антологија на младата македонска поезија“ (ПНВ Публикации, 2023), во првата едиција на фестивалот за европски театарски алтернативи „Штурм унд Дранк“ (Sturm und Drank) во 2021 година и во неколку други антологии. Настапил на „Скопскиот поетски фестивал“, на „Литературни искри“ во Гостивар, како и на поетскиот настан „100 000 Поети за промена“. Композитор е на музичкиот проект „Синкинг фотон“ (Sinking Photon). „Град без сенка“ е негова прва стихозбирка.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Каква е врската меѓу Кант и Скопје 2014 – Фестивалот КРИК го има одговорот

Следно

ВИДЕО: Ѓорѓиевски со апел до Костадинов и Јакимовски: Да се вразумат, вратата во ЗЕЛС е отворена

Latest from Blog

Тројца социјални работници добија отказ поради убиството на домородно девојче во Австралија

Телото на девојчето, кое од културни причини е наречено Куманџаји Мало Бејби, беше пронајдено на 30 април, пет дена откако исчезна од абориџинска населба во близина на Алис Спрингс, пишува Би-Би-Си. Министерката

ВЛЕН ги става младите во центарот на политичкото одлучување

Во пресрет на Конгресот на Обединувањето на ВЛЕН, младинските форуми на партиите од коалицијата ВЛЕН предложија Резолуција за унапредување на младите во политичкиот и јавниот живот. Водени од принципите на демократија, меритократија
Go toTop