Владата обезбеди 400 илјади евра за чистење на депонијата во ОХИС

1 min read

Владата на вчерашната седница донесе Одлука, Министерството за животна средина и просторно планирање да ги префрли средствата наменети за чистење на контаминираната локација во ОХИС на сметката на Мулти-партнерскиот фонд за животна средина, во висина од 24 453 000 денари.

-Со ова, нашата држава ги исполнува обврските за обезбедување средства на годишно ниво, согласно одлуката на Владата од 2013, на која се обврза дека со постепено одвојување средства ќе го поддржи елиминирањето ка контаминираниот материјал од кругот на ОХИС, наведува МЖСПП.

Според Министерството, Мулти-партнерскиот фонд за животна средина е формиран од Владата за да се мобилизираат средства од повеќе извори за решавање на долгогодишниот проблем со историскиот отпад во кругот на ОХИС. За администрирање со средствата од овој фонд е задолжен УНОПС како имплементациона агенција која исто така има обврска да мобилизира дополнителни средства за комплетна ремедијација на малата депонија и изнаоѓање решенија за големата депонија, што е наведено во договорот за формирање на фондот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и УНОПС.

-Досега се транспортирани и уништени 1 932,35 тони високо концентриран HCH отпад и 586,37 тони почва контаминирана со HCH. Досега се спроведени активности за чистење на малата депонија распределени на ЛОТ 1, ЛОТ 2, ЛОТ 3 и ЛОТ 4, согласно процедурите од јавна набавка објавена од страна на УНИДО и УНОПС. Активностите на ЛОТ 1 започнаа во септември 2021 година, на ЛОТ 2 во јуни 2022 година, на ЛОТ 3 во јуни 2023 година и ЛОТ 4 во март 2024 година. Собраниот високо концентриран HCH отпад е транспортиран и уништен во погоните на Треди во Франција додека почвата контаминирана со HCH се транспортира во постројката Индавер во Германија, соопшти МЖСПП.

За реализација на активностите се изработени планови за ремедијација за секој поединечен ЛОТ, доставени од страна на компанијата „Polyeco“ од Р. Грција, компанија кoja е избрана од страна на УНИДО и УНОПС преку постапка за јавна набавка. Според досегашните испитувања, треба да се отстранат уште 300 тона високо концентриран HCH отпад и 1 500 тони почва контаминирана со HCH изомери.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Косово купува објекти на амбасади во Италија, Турција, Франција, Германија и Канада

Следно

Давкова за ТВ21 за помилувањата: Личностите се навистина интересни во негативна смисла, сега го гледам тоа

Latest from Blog