Турскиот претседател Ердоган пристигна во Казан за Самитот на БРИКС

1 min read

КАЗАН (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес пристигна во рускиот град Казан за да присуствува на 16-тиот Самит на БРИКС, јавува Анадолу.

Ердоган е придружуван од неговата сопруга Емине Ердоган, министерот за надворешни работи Хакан Фидан и други високи претставници.

Тој беше пречекан од високи претставници од земјата домаќин и од турскиот амбасадор во Москва Танју Билгич.

На тридневниот самит, кој започна вчера и ќе трае до утре (четврток), присуствуваат долгогодишните членки Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република – изворот на името на групата – како и од неодамна новите земји членки Египет, Етиопија, Иран и ОАЕ.

Ердоган претходно рече дека Туркије „искрено“ сака да ја унапреди соработката со БРИКС.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Звонко Шундовски привремено ќе го води Е. Пелистер по оставката на Ангеловски

Следно

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ положи цвеќе пред споменикот на основачите на македонската револуционерна борба

Latest from Blog