НБА: Бостон убедлив и сигурен, победа на ЛА Лејкерс

1 min read

Најсилната кошаркарска лига на светот НБА лига стартуваше со два меча каде победа оствари шампионот Бостон селтикс против Њујорк Никс со 132-109, додека Лос Анџелес Лејкерс славеше со 110-103 против Минесота Тимбервулвс.

Уште во првата четвртина беше јасно дека Бостон ќе запише победа, иако Њујорк имаше голем број засилувања ова лето, но очигледно им е потребно време да се прилагодат.

На паркетот најдобар беше Џејсон Тејтум со 37 поени, како и 10 асистенции, додека на другата страна блесна Џејлен Брансон со 22 поени.

Лејкерс одигра возбудлив меч против Минесота, а предноста ја создаде во втората четвртина, додека ривалот постојано се обидуваше да ја врати неизвесноста.

За победата на ЛА Лејкерс беше заслужен Ентони Дејвис, кој постигна 36 поени, 16 скокови и четири асистенции, додека на другата страна Ентони Едвардс постигна 27 поени и шест скокови.

Извор: kurir.mk

Претходно

Сончево со слаб ветер – температурите до 24 степени

Следно

Ден на македонската револуционерна борба

Latest from Blog

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од генералниот секретар Сајкоски положи свежо цвеќе пред споменикот на основачите на македонската револуционерна борба

По повод 23 Октомври, Ден на македонската револуционерна борба денес повеќе делегации од ВМРО-ДПМНЕ положија свежо