Вучиќ: Избори во декември 2026 или пролет 2027 година, очекувам и реконструкција на владата

October 22, 2024
1 min read

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека очекува реконструкција на Владата која би се извршила во периодот од март до јуни следната година и истакна дека премиерот Милош Вучевиќ ќе ја има неговата целосна поддршка, како и дека се можни избори во декември 2026 или на пролет 2027 година, јави дописникот на МИА од Белград.

-Знаете, имате некои луѓе кои мислеа дека можат да бидат таму (Влада) и да направат повеќе работи за себе, а не за граѓаните и општеството во целина. Луѓе кои мислат дека се незаменливи, луѓе кои мислат дека можат се, рече Вучиќ на РТС.

Според него, анализата на работата мора да ја направат градовите и општините, на ниво на покраината Војводина и на национално ниво. Тоа, како што вели, секогаш е добро.

На темата избори тој рече дека тие ќе се одржат во декември 2026 година или во пролет 2027 година и оцени дека опозицијата ќе помине многу полошо од претходно.

-Сакам да кажам дека ќе продолжиме да градиме и да работиме. Никој нема да не спречи. Избори ќе има, а за тоа можеме да разговараме со претставниците на опозициските партии, кога и да сакаат, или во декември 2026 година или на пролет 2027 година, рече Вучиќ.

На констатација дека опозицијата сега ги бара изборите, Вучиќ се согласи дека тоа е така, но додаде дека „сепак го молат Господ да не ги добијат“. На прашањето дали тоа значи дека воопшто не размислува за вонредни избори, Вучиќ кажа – не.

-Тоа не ме интересира, освен ако навистина не инсистираат, тогаш можат да ги добијат. Но, веднаш да ви кажам, како што ви кажав за изборите во Белград, ќе поминат многу полошо отколку на претходните, рече тој.

Кога станува збор за евроинтеграциите, Вучиќ рече дека не може да се согласи со оценката дека тие се „заглавени“, но дека може да каже дека одат полека, а нагласи дека доколку Србија ја признае независноста на Косово и воведените санкции кон Русија веднаш ќе биде примено во ЕУ.

Претседателот на Србија зборуваше и за ископ на литиум, но и за гасниот аранжман што го обезбеди за Србија со претседателот на Русија, Владимир Путин.

Вучиќ рече дека со Путин имал добар разговор меѓу другото и за гасот и дека се договорени добри цени кои за Србија се драстично пониски.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ИЈЗ: Здравствените работници во десетпати поголем ризик од заболување со грип во споредба со општата популација

Следно

Влатко Стефановски го заврши снимањето на новиот албум во култното Abbey Road Studios во Лондон

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop