ИЈЗ: Здравствените работници во десетпати поголем ризик од заболување со грип во споредба со општата популација

October 22, 2024
1 min read

Здравствените работници имаат десетпати поголем ризик од заболување со грип во споредба со општата популација, поради природата на својата работа. Здравствениот работник може да заболи од грип од своите пациенти или колеги. Постојат студии кои покажуваат дека за време на епидемија, во здравствена установа повеќе од половината здравствени работници кои се грижат за пациентите со грип, и самите се инфицирани од вирусот, истакнуваат утрово од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

-Грипот е сериозна болест, може да предизвика пневмонија, бронхит или да ги влоши хроничните здравствени состојби. Вакцинацијата против грип, секоја година, е најдобар начин да се заштитиш себеси од ова заболување, подвлекуваат од ИЈЗ.

Постојат студии што покажуваат дека здравствените работници можат да го пренесат грипот на своите пациенти, особено ако се осетливи да развијат компликации.

-Грипот е опасен за мали деца, возрасни и лица со ослабен имунитет или други хронични заболувања. Како резултат на пренос на грип од здравствен работник, некои пациенти може да развијат компликации опасни по животот, како што се документираните случаи на смрт од грип во неонатални центри за интензивна нега и на онколошки педијатриски одделенија, се додава во соопштението. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Половина Хавана доби струја

Следно

Вучиќ: Избори во декември 2026 или пролет 2027 година, очекувам и реконструкција на владата

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop