Училиштата во скопски Карпош ќе добијат парно

October 21, 2024
1 min read

Министерството за образование и наука и општина Карпош најавија средба и повторно ќе преговараат. Проблемот во општина Карпош се’ уште не е надминат, според министерката за образование и наука Весна Јаневска.

За буџетот за следната година, министерството планира да одвои повеќе средства, не само за Карпош туку и за други општини кои се во слична ситуација, а градоначалникот Стевче Јакимовски напоменува дека МОН во 2022, 2023 и 2024 година континуирано ги намалува предвидените средства за образование за оваа општина.

„Жал ми е што треба да соопштам дека искористени се блок дотациите за оваа година. Оваа година општина Карпош со ребалансот добила 18 милиони денари повеќе, за што верувам дека не се сосема доволно и искрено се надевам дека ќе изнајдеме некакво решение со градоначалникот, се разбира со негови поголеми услоги отколку од Министероството за образование и наука и пак станува збор за закон.“ – Весна Јаневска министерка за образование и наука.

Градоначалникот на Карпош, Јакимовски вели дека во училиштата од денеска има греење. Бројот на учениците е зголемен во Карпош и очекува со новиот буџет за 2025 година, да се зголемат средствата, односно да се обезбедат доволно средства за да може општината да ги плати долговите, во висина од 8 300 000 денари.

„Министерството има исплатено 6 800 000 денари. Целата оваа сума ќе ја пуштиме до сите подрачни единици, односно до сите подрачни училишта. Ској од нив, првенствено ќе гледа да ги подмири сметките за греење но и натаму ќе остане долг до осум милиони и триста. Скоро уште два милиони денари. Згора на тоа за наредниот временски период ќе доаѓаат нови сметки, јас не знам дали се овие средства исплатени за до Нова година или се средства само за овој месец. Очигледно дека треба да седнеме да се разбереме.“ – Стевче Јакимовски градоначалник на о.Карпош.

Минатата недела, министерката, Весна Јаневска истакна дека блок-дотациите за училиштата се исплатени, а градоначалниците и директорите на училиштата треба да се организираат за да ја спроведат не само грејната сезона, туку и се’ друго што треба. Додека пак, според првиот човек на Регулаторна комисија, Марко Бислимовски, одлука на потрошувачот е кога ќе се вклучи на системот за парно греење и смета дека во таа насока е и потегот на општината.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Суспензии и парични казни за Работнички и МЗТ Скопје Аеродром

Следно

Делегацијата на БЈБ предводена од Јанев на официјална средба со раководството на ИЦИТАП

Latest from Blog

Проданоски: Со 6.000 нови дабови садници ја зајакнуваме зелената иднина на Прилеп

Во рамки на проектот за пошумување на споменикот на природата „Маркови Кули“, денеска беа засадени 6.000 садници на даб на локалитетот над новите градски гробишта на патот кон Трескавец. Акцијата, која се

Николоски: Коридор 8 се гради со засилена динамика

Инфраструктурните проекти на паневропските коридори се клучни за економската иднина на земјата, а нивната реализација ќе спречи Македонија да остане изолирана од главните транспортни текови, оцени вицепремиерот и министер за транспорт, Александар

Проданоски: Поддршката за лицата со Даунов синдром е наша заедничка обврска

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати порака за поддршка до сите лица кои живеат со Даунов синдром, нагласувајќи дека секој човек носи своја вредност, своја приказна и има свое место во заедницата.

Абас Арагчи: Иран е подготвен да сослуша и да разгледа иницијативи за крај на војната

Арагчи за јапонската новинска агенција Кјодо изјави дека Иран е „подготвен да ги сослуша и разгледа таквите предлози“, пренесе Би-Би-Си. Иако некои земји бараат решение за конфликтот на Блискиот Исток, иранскиот министер
Go toTop