Делегацијата на БЈБ предводена од Јанев на официјална средба со раководството на ИЦИТАП

October 21, 2024
1 min read

Во исклучително пријателска атмосфера, македонската делегација која присуствува на годишната конференција на Меѓународната Асоцијација на шефови на полиции, предводена од Директорот на БЈБ, Александар Јанев, се сретна со Директорот на ИЦИТАП, Грегори Дукот и неговиот тим.

Темите за дискусија беа фокусирани на продолжување на одржливоста на проектите имплементирани со поддршка на Владата на САД преку Амбасадата на САД во Скопје, вклучувајќи мобилни камери за снимање кои се користат од страна на сообраќајната и граничната полиција во државата, како и процесот на дигитализација кој ќе продолжи со забрзан тек во Министерството за внатрешни работи, а во насока, меѓу другото, на успешно справување со криминалот и корупцијата на сите нивоа.

Концептот за полициско-граѓанско партнерство “До Вас, за Вас” е еден од приоритетите на раководството во МВР, кој во периодот што следи ќе биде имплементиран на целата територија на нашата држава. Во текот на посетата на САД, нашата делегација имаше прилика да се запознае со моделот на полицијата од Бостон за блиска соработка со граѓаните.

Нашата визија е јасна, Македонската полиција да се зацврсти на високо ниво со професионалност, отчетност, транспарентност како и релевантен и рамноправен партнер за соработка со странските агенции за спроведување на законот во борбата со глобалните предизвици и облици на организиран и транснационален криминал.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Училиштата во скопски Карпош ќе добијат парно

Следно

Мицкоски од Салцбург: Преспанскиот договор е брилијантно ремек-дело на дипломатијата

Latest from Blog

Николоски: Над 409.000 патници на скопскиот аеродром во јули – нов историски рекорд

Македонските аеродроми бележат рекордни резултати во авио-сообраќајот, а политиките за привлекување нови авиокомпании и отворање нови авиолинии веќе даваат видливи ефекти, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето

Николоски: Во следните месеци ќе биде пуштена најтешката делница од автопатот Кичево-Охрид

Рокот за целосно завршување и предавање во употреба на целиот автопат, според него, е мај следната година. Најтешката делница од автопатот Кичево-Охрид во должина од десетина километри ќе биде пуштена во употреба
Go toTop