Гран при на „Киненова“ за филмот „Жена-убиец“ на режисерката Ева Натена

October 21, 2024
4 mins read

Во Домот на културата „Билјана Беличанец“ синоќа, на последната фестивалска вечер,  во преполната сала во присуство на бројни филмски работници, уметници, актери, режисери, претставници на политичкиот и културниот живот на земјава и претставници на дипломатскиот кор беа доделени наградите на 9. издание на МФФ Киненова.

„Гран при“ доби филмот „Жена-убиец“ на грчката режисерка Ева Натена, која на оригинален начин го доловува родовото прашање, адаптирајќи за големото платно ремек-дело на светската литература со одлична режија.

-Оваа награда ја чувствувам како мост меѓу нашите земји, бидејќи уметноста може да го направи она што многу политичари не можат. Затоа ја посветувам наградата на нашиот мост и се надевам дека тој ќе не направи поблиски во иднина, рече Натена заблагодарувајќи се за наградата.    

Наградата за најдобра режија ја доби хрватскиот режисер Андреј Коровљев за филмот „Хотел Пула“, за извонредната употреба на филмскиот јазик, за деликатниот начин на кој ги прикажа тешките настани и ликови од војната во поранешна Југославија, сугерирајќи дека љубовта може да постои дури и на места каде никогаш не би ја очекувале.

Наградата за најдобро сценарио ја доби Навид Михандуст за филмот „Кафе“.

-Лесно е да се биде храбар во слободна земја. Но, што ако сте творец во земја каде што нема слобода на говор. Креаторот не само што раскажал одлична приказна, туку додека го снимал филмот морал да донесе храбри одлуки за неговите ликови, но и за самиот себе си, на крајот завршувајќи во затвор, стои во одлуката на жирито.

Заблагодарувајќи се за признанието, неговата сестра Неда, која ја прими наградата рече дека е мошне тешко да се стои на оваа сцена и да го претставува својот брат, кој е осуден на три години затвор и ја прочита неговата порака: 

„Мојот филм е обид да се зборува за едно од основните човекови права, а тоа е слободата на изразување. За жал, ова им е забрането на голем број луѓе во мојата земја. Му благодарам на жирито и на Фестивалот и оваа награда му ја посветувам на Бекташ Актим, ирански режисер и поет кој почина пред четири години во истиот овој затвор каде што се наоѓам во моментов. Се надевам дека ќе дојде ден кога ниту еден уметник во светот нема да биде во затвор поради изразување на своите верувања.“ 

За најдобар краток филм е награден „48 часа“ на иранската режисерка Азадех Мусави, за брилијатно режиран филм кој на површината е политички, но длабоко во себе ги прикажува суптилностите и нијансите на семејните односи и родителството, но и многу вешто успева да ги премине културните граници.

Одлуката на жирито ја соопшти претседателот на жирито, Јани Бојаџи, кој рече дека исклучително лесно и брзо го завршиле жирирањето поради едноставна причина – работел со две умни жени.

-Кога човек работи со поумни од него тогаш нештата секогаш се лесни и едноставни, рече Бојаџи заблагодарувајќи им се на Асемина Проедру и Дорина Оарга за одличната соработка.

Присутните ги поздрави директорот на Фестивалот, Небојша Јовановиќ кој ова издание го нарече најдоброто досега.

-Ова издание е можеби највпечатливо уште од самиот почеток со обраќањето на нашиот лауреат Улрих Зајдл кое го сметаме за манифест за сите филмски работници и уметници, воопшто. Сметам дека токму оваа година како фестивал покажавме дека заслужуваме поголема институционална поддршка и се надевам дека за следното, јубилејно десетто издание ќе добиеме поголема поддршка, рече Јовановиќ.

Уметничкиот директор Гена Теодосиевска подвлече дека бевме сведоци на едно исклучително фестивалско издание со кое покажавме и докажавме дека филмска уметност има моќ да не доближи до вистинските вредности и упорно, настојчиво да ни поставува прашања, но и да ни нуди одредени одговори. 

-Изборот е наш, дали тоа огледало на стварноста ќе го превртиме, не сакајќи да се погледнеме в очи или пак ќе ја надминеме моралната ерозија и ќе се осмелиме да го изговориме вистинскиот збор, и да се соочиме со предизвикот на нашата реалност. Запознавме прекрасни и драги луѓе, филмаџии кои долго ќе ги паметиме, ќе ги цитираме, ќе говориме и ќе пишуваме за нивните филмови. Тоа е непроценливо богатство. Би рекла дека сите автори на филмовите кои оваа година ги видовте, барем оние кои беа верни следачи на оваа програма, не поминуваа тивко низ нивните животи, напротив, громогласно, како во ова издание на Киненова, истакна Теодосиевска.

Селекторот на филмската програма, Игор Анѓелков рече дека е среќен што жирито, а и публиката според реакциите биле задоволни од изборот на филмовите на годинешното издание на Киненова.

-Би издвоил три моменти, иако ги имаше повеќе, бидејќи на фестивалот секој ден се случуваа различни убави приказни поврзани со филмската уметноста. Првата работа што би ја издвоил е настапот на Неда Михандост, сестрата на иранскиот режисер Навид Михандост која на сцената излезе со сликата од нејзиниот брат кој во моментов е во затвор во Иран и ја прочита неговата порака од која гледаме дека тој е вљубеник во седмата уметност и дека помалку е чудно во 21 век да се случуваат вакви настани. На овој начин Киненова се приклучи на светските фестивали како Берлиенале и останатите кои даваат поддршка на филмските автори. Вториот момент е нашиот лауреат Улрих Зајдл на отворањето на фестивалот прочита еден манифест и навистина одамна не сум слушнал некој човек, некој уметник да има таков цврст изграден став во однос на слободата, односно неслободата и духот на времето во кое живееме. И третиот момент е премиерата на првниот македонски анимиран филм на отворањето на фестивалот, „Јон Вардар против Галаксијата“ на Гоце Цветановски  со што навистина испишавме историја. И на крајот, но не и последно по значење, Киненова секогаш барала нови простори за презентација на  филмската уметност. Оваа година се одлучивме за Кисела вода и навистина докажавме дека и ова кино може да функционира во Скопје и имавме гледачи на секоја проекција, со што уште еднаш докажавме дека Киненаова е вистинска авангарда во однос на фестивалите кај нас, рече Анѓелков.

Фестивалот се затвори со проекција на филмот „На се ќе дојде крај“ на режисерот Рајко Грлиќ, а по проекцијата пред присутните се претставија продуцентката Елена Станишева и актерот Јанко Поповиќ Волариќ.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Црна Гора ги забрани пластичните кеси и пластиката за еднократна употреба

Следно

Експлозивна направа фрлена во штабот на Самка Ибраимовски: Најостро го осудуваме овој чин!

Latest from Blog

Ракометната федерација на Македонија со остра реакција по мечот со Грција: Кратенката НМКД е неприфатлива

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави дека ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција поради кратенката што беше употребена во телевизискиот пренос од натпреварот

ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

Европската комисија издвојува конкретни реформи и резултати, а гасните врски се енергетски автопати на државата 1. Во новиот извештај Европската комисија бележи напредок во енергетиката. Кои позитивни оценки ги сметате за најважни

КОШУТИЌ: Институциите да утврдат дали има одговорност за наодите од ревизијата

Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт, Дејан Кошутиќ, очекува надлежните институции, меѓу кои и Јавното обвинителство, да ги разгледаат наодите од конечниот извештај на Државниот завод за ревизија и да преземат мерки во

Нови перспективи за новото лидерство: заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, посветена на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“. Годинашното издание

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската
Go toTop