„Ние сме за мир, но подготвени сме на секое сценарио“, изјави иранскиот министер за надворешни работи

October 19, 2024
1 min read

ТЕХЕРАН (АА) – Иранскиот министер за надворешни работи Абас Еракчи изјави дека ширењето на војната во регионот го гледаат како сериозна закана и дека сакаат итен прекин на огнот во Газа и Либан, известува Анадолу.

„Ние сме за мир, но подготвени сме на секое сценарио“, изјави иранскиот министер Еракчи.

Иранскиот министер за надворешни работи во Истанбул се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.

Говорејќи на заедничката прес-конференција по состанокот, Еракчи изјави:

„Ширењето на војната во регионот претставува сериозна закана“.

Тој посочи дека Израел се обидува да го запали регионот со своите напади врз Газа и Либан.

„Израелскиот режим не признава никакви ограничувања за воените злосторства што ги прави. Ние поддржуваме траен и моментален прекин на огнот во Газа и Либан“, порача Еракчи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Инфантино: Благосостојбата на фудбалерите останува приоритет за ФИФА

Следно

Младиот Христијан како политичар: Испрати порака за еднакво општество за сите од владиниот прес центар

Latest from Blog

Коњановски: Во 2027 година се планира пуштање делница од 12 километри на автопатот Прилеп–Битола

Делница од 12 километри од автопатот Прилеп–Битола е планирано да биде пуштена во сообраќај во 2027 година, а до крајот на 2028 година да бидат асфалтирани вкупно 28 километри. Ова било најавено

Проданоски: Потенцијалот на младите да го претвориме во дела за Прилеп

Повеќе од 200 млади од Прилеп учествуваа во симулација на Европскиот парламент, преку која се запознаа со функционирањето на европските институции, носењето одлуки и значењето на демократската дебата. Градоначалникот Дејан Проданоски ја

Божиновска: Македонија е дел од трансатлантскиот дијалог за енергетска безбедност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на 18 и 19 ноември ќе учествува на Седмиот состанок на Партнерството за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC) во Варшава, Полска, организиран во соработка

Коњановски: Гласот на младите треба да се преточи во конкретни локални решенија

Триесет средношколци од Битола развија проектни предлози за решавање проблеми во својата заедница, во рамките на проектот ЛАПСИ – Локални активни платформи за социјални иновации. На денешната работилница тие ги финализираа идеите

Општина Прилеп: Втор повик за поддршка на семејствата со првачиња во учебната 2026/2027 година

Општина Прилеп објави втор јавен повик за доделување еднократна парична помош на семејствата со деца запишани во прво одделение во учебната 2026/2027 година. Повикот е наменет за родителите кои не аплицирале во
Go toTop