Дрон лансиран од Либан ја погоди резиденцијата на Нетанјаху, израелскиот премиер не бил дома

October 19, 2024
1 min read

ЕРУСАЛИМ (АА) – Дрон лансиран од Либан денес ја погоди резиденцијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во северен Израел, соопшти неговиот кабинет, известува Анадолу.

Во соопштението од Кабинетот на премиерот се наведува дека беспилотно летало лансирано од Либан го нападнал приватниот дом на Нетанјаху во Цезареја, на северот на Израел, информирајќи дека премиерот и неговото семејство не биле дома во моментот на нападот.

Претходно израелската армија објави дека од Либан биле лансирани три беспилотни летала, од кои два биле успешно пресретнати, додека третиот паднал врз зграда во Цезареја, на северот на Израел и дека нема информации за жртви.

Додека прекуграничната војна меѓу израелските сили и Хезболах продолжува по избувнувањето на војната во Појасот Газа во октомври минатата година, Израел ја интензивираше својата офанзива во Либан кон крајот на минатиот месец. Во нападите се убиени лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, и голем број команданти на оваа организација.

Во опсежните израелски бомбардирања и гранатирања на Либан, проследени со копнена инвазија, убиени се повеќе од 1.500 лица, а околу 1,2 милиони луѓе се раселени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Едукативни настани во Скопје за превенција и лекување на ракот на дојка

Следно

Перински: Нема законска можност општините да финансираат Албанска академија на науките

Latest from Blog

Возачот возел дрогиран и усмртил моторџија кај Пластичарска – ОЈО бара притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот

Еве кој е прогласен за играч на натпреварот!

ФОТО:x.com/ChampionsLeague ПСЖ ја освои Лигата на шампионите по изведување на пенали вечерва во Будимпешта. Финалето заврши со резултат 1:1 по регуларното време, а во продолжението од половина час не беа постигнати голови.

Русија: Украински дрон ја погоди најголемата нуклеарна централа во Европа

Во соопштението се вели дека нападот не предизвикал штета на клучната опрема, но направил дупка во ѕидот на машинската просторија. „Попладнево, украински борбен дрон камикази го погодил ѕидот на машинската просторија на
Go toTop