Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, по лудиот натпревар од второто коло во Лигата на шампионите, во кој Белите ја победија Рома на гостински терен со резултат 4-3, откако губеа со 1-3 во 83-тата минута од натпреварот, истакна дека ќе бил задоволен и со реми на ова тешко гостување.
„Беше тежок натпревар против тим чиј стил на игра е различен од фудбалот на кој сме навикнати. Многу е тешко да се игра против нив. На ова ниво не смееме да примаме гол како третиот. Го свртевме натпреварот благодарение на неверојатната храброст на нашите играчи. Откако Рома погоди за 3-1, мислеа дека мечот е готов, но всушност играчите на Рома беа ‘мртви‘. Дури и нерешено на гости против силен противник ќе беше позитивен резултат, но ние продолживме да се бориме за победата. Демонстриравме поорганизиран борбен дух. Тоа беше емоционална реакција, поткрепена со тактика“, рече Мурињо кој беше топло пречекан во Рим, фановите на Волчицата со песни и транспаренти му се заблагодарија за тоа што го направи како тренер на Рома.
После мечот, фановите на Реал бараа Винисиус и Чуамени да не бидат стартери бидејќи се покажа дека без нив тимот функционира подобро и е многу поопасен. Но, Мурињо не се согласува.
„Ако почневме со составот со кој го завршивме мечот, ќе загубевме со 5-0. Ова функционираше во последните минути бидејќи беше специфична ситуација. Немаше да функционира 90 минути“, смета Специјалниот.
Извор: sportmanija.mk

