Прегрупирање во Хамас, Израел вели војната не е завршена

October 18, 2024
1 min read

По убиството на лидерот на Хамас Јахја Синвар, либанската милитантна група Хезболах соопшти дека влегува во нова, ескалирачка фаза во војната против Израел. Техеран, пак повикува на јакнење на духот на отпорот.

Лидерот на Хамас, кој со нападот на 7 октомври лани ја почна војната во Појасот Газа, беше убиен од припадници на израелската армија. Израел објави снимка за која тврди дека се последните моменти од животот на Синвар. Синвар имал панцир на себе, пронајдени биле гранати, како и над10 илјади долари. Негови ДНК примероци се пронајдени во тунелите во близина каде што војниците ги пронајдоа телата на шестмина израелски заложници на крајот на август.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порача дека оската на теророт изградена од Иран се урива, а убиството на Синвар, го нарече почеток на крајот на војната во Газа. 

„Ги израмнивме нашите сметки. На злото му е зададен удар, но нашата задача сè уште не е завршена.“ – Бенјамин Нетанјаху премиер на Израел. 

Западните лидери сметаат дека неговата смрт нуди можност да се стави крај на конфликтот. Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, рече дека смртта на лидерот на Хамас е извонредна можност за воспоставување прекин на огнот во Газа.

„Смртта на Синвар е извонредна можност за воспоставување траен прекин на огнот и крај на оваа страшна војна, но овозможува и итна хуманитарна помош за луѓето во Газа.“ – Лојд Остин секретар за одбрана на САД.

Еден од лидерите на Хамас, Калед Мешал веќе е назначен за вршител на должноста лидер на ова милитантно движење. Тој ќе биде одговорен за целата комуникација со клучните страни вклучени во преговорите и прашањата за затворениците. ОН, пак, повторно предупредуваат на тешката хуманитарна ситуација во Појасот Газа, каде што проценуваат дека околу 350 илјади Палестинци ќе се соочат со глад оваа зима, бидејќи испораката на помош во енклавата значително опаѓа.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Денес во Велес е ден на жалост за тројцата велешани кои загинаа во сообраќајка

Следно

Осмооделенец со нож рани соученичка во основно училиште во Суботица

Latest from Blog

Сити носи замена за Родри од Франција

Мароканскиот репрезентативец Ајуб Боудади ќе биде замената за легендарниот Родри во тимот на Манчестер Сити. Играчит на Лил, кој што е проценет на 100 милиони евра, летово ги промени националните бои и

Речиси 6 милиони денари промет: Макпетрол повторно во фокусот на инвеститорите

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 11.08.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.243,99 поени. Во однос

Николоски: Македонија го решава проблемот со транспортерите преку билатерални договори

Македонија самостојно преку билатерални договори го решава проблемот со транспортерите. Веќе имаме такви договори со Швајцарија, Хрватска и Романија, а работиме со Австрија, со Германија и Унгарија. Тоа е систем на ЕУ

Николоски: Првите 30 електрични автобуси ги очекуваме во декември или јануари, а во првиот квартал на 2027 ќе го завршиме автопатот Охрид – Кичево

Првите 30 од вкупно 150 електрични автобуси се очекува да пристигнат во земјава во декември или јануари, а целата набавка да биде реализирана во рок од година и половина, соопшти вицепремиерот и
Go toTop