Димитров во „Дејли Клик“: Имавме бурни дебати со Заев и Бујар за нашите црвени линии

October 18, 2024
1 min read

Идејата со уставни измени со одложено дејство не е нова, вели поранешниот министер за надворешни работи и поранешен вицепремиер за европски прашања Никола Димитров. Во гостувањето во „Дејли Клик“ запрашан дали се согласува со идејата на Мицкоски за ова, вели дека тоа требало да бидат црвените линии уште во 2021 година, кога имал, како што вели, бурни дебати со Зоран Заев и Бујар Османи.

-Тоа во 2021 година јас ги убедив Заев и Бујар, кога имавме координации, по прилично бурни дебати, дека мора да биде позиција на владата. Одложеното дејство е позиција и на владата на СДСМ и ДУИ 2021 година. Тоа што тие кон средината на 2022 година дигнаа раце од оваа позиција, е зошто се кабает за овој чвор и каша и фактот што сме на паркинг денес, изјави поранешниот МНР и вицепремиер, Никола Димитров.

Димитров вели дека минатата влада, во која и тој бил дел едно време, направила многу грешки по ова прашање, а за грешните политики го посочи и Бујар Османи кој дојде на негово место во министерството за надворешни работи.

-Неговата политика е грешка, не тој како личност. Политиката, решенијата, како ова го играше…Оти ние имавме ситуација кога Бугарија се жалеше и јавно како може да сте повеќе солидарни со земја кандидат, кога ние седиме со вас на масата. Ние сме земја членка и сојузници, до таму стигна во тој период, изјави поранешниот МНР и вицепремиер, Никола Димитров.

Димитров не е оптимист дека ќе има проширување на ЕУ во 2030-та година. Сепак, додава дека дали со уставни измени со одложено дејство, или со некоја друга формула, прашањето со Бугарија мора да се решава. Но, не смее тоа да биде главната агенда на новата власт, туку мора да се посветат и на реформите. Како што вели тој, кога и да биде новото проширување, државата треба подготвена да го пречека тој момент.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„М“ на Вардан Тозија апсолутен победник на „Гримфест“ во Манчестер 

Следно

Перински: Отповикувањето на градоначалник би требало да биде преку референдумско изјаснување

Latest from Blog

МАКРОН СО ЖЕСТОКИ ОБВИНУВАЊА ПО ХАОСОТ ВО ФРАНЦИЈА: Крајната левица сака да ја урне републиката

Францускиот претседател Емануел Макрон ги осуди „бунтовничките активности“ на крајнолевичарските групи, обвинувајќи ги дека се исклучително опасни и дека сакаат „да ја урнат републиката“, по немирите и грабежите што избувнаа минатата сабота

12,7 милиони денари промет на Македонската берза, Комерцијална банка најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 22.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.836,60 поени. Во однос

Алфа го засилува тимот: Пристигнува Стојановска, Илковски се приклучува на „Колегиум“

Татјана Стојановска по 15 години во Канал 5 ја продолжува телевизиската кариера во ТВ Алфа. Речиси истовремено, нов ангажман во телевизијата објави и Јанко Илковски. Стојановска го потврди преминувањето за „Женски магазин“,

НОВИОТ НАЈОПАСЕН ЧОВЕК ВО ЕВРОПСКАТА ПОЛИТИКА? Најупатените тврдат: „Вакво нешто не е видено уште од Берлускони“

Поранешниот генерал на падобранците Роберто Ваначи се прикажува на социјалните мрежи како римски легионер и возач на кочија. Тој изјави дека претпочита жени „без здолништа“, а објави и фотографија од државна секретарка

Николоски: Коридорите 8 и 10 се клучни за економскиот напредок и политичката стабилност

Двата паневропски коридори 8 и 10 мора да ги развиваме за да обезбедиме економски напредок на Македонија, но исто така да обезбедиме и политичка стабилност за државата во овие времиња на комплицирани
Go toTop