Мицкоски: Претходната Влада на СДСМ и ДУИ ги ограбуваше граѓаните, ова Влада инвестира и реализира капитални проекти

October 18, 2024
1 min read

Јас не очекувам СДСМ да каже нешто паметно, но тоа што го кажуваат од СДСМ по мој совет е погрешно бидејќи граѓаните ова го гледаат, ние не можеме да земеме гумичка и да ја избришеме од колективната меморија на граѓаните. Сите овие проекти граѓаните ги гледаат како се реализираат, од ден на ден се фрлаат лопати како почеток на изградба на проект, се пресекува лента како завршување на некој проект“, одговори на новинарско прашање претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски.

Премиерот Мицкоски потенцираше дека политиката на оваа Влада е да ги инвестираат државните пари и да помогнат на граѓаните, не да ги ограбуваат како претходната Влада.

За жал тие продолжуваат да не ја говорат вистината, еве да се изразам според нивниот речник, не само што крадеа туку и лажат, мислам овие политички разбојници во минатото имаа можност да покажат карактер, имаа можност да покажат што можат и проекти, тие за жал единствено што успеаја да направат е да ја зголемат големината на нивниот личен паричник, а за жал граѓаните ги ограбија. Ние обратен процес имаме, ние сакаме се што може да се направи за доброто за граѓаните, истакна премиерот.

Претседателот на Владата подвлече дека преку одличната работа на институциите во оваа Влада ќе се продолжи трендот на реализацијата на проекти.

Од каде парите? Само 3 милијарди имаме и тоа можеби ништо не е, ама 3 милијарди имаме за 3 месеци повеќе наплата во царината, ако се спореди со претходната година денари, тоа е отприлика 50 милиони евра, така што тие ќе си продолжат да си зборуваат, ете тие одлучиле такви пораки да испраќаат во јавноста, ние ќе продолжиме со реализација на проекти и тоа е начинот на којшто ние мислиме дека треба да функционира политиката, кажа премиерот Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

„Имав бурни дебати со Османи и Заев, но новата влада во 2022 година ја напушти претходната позиција, и затоа сме во оваа каша сега“, рече Димитров во „Дејли Клик“

Следно

Шпанија ги повика земјите од ЕУ да го запрат извозот на оружје во Израел

Latest from Blog

ЈАДЕЛ ОТРОВНИ ПЕЧУРКИ: Рускиот новинар кој откри дека Владимир Путин имал љубовница – почина

Григориј Нехорошев, шеесет и деветгодишен руски новинар и поранешен главен уредник на згаснатиот весник „Москва кореспондент“, почина во петокот во Рига, главниот град на Латвија, откако конзумирал отровни печурки што ги собрал

„Комуналец“ и еко активистите од „Мој Прилеп“ спроведоа акција за чистење на дворот на „Орде Чопела“

Прилеп денес доби уште една почиста јавна површина, откако комуналните работници од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, заедно со еко активистите од здружението „Мој Прилеп“, реализираа акција за финално чистење на дворот на

Комуналец – Прилеп и „Мој Прилеп“ со успешна акција: Исчистен дворот на „Орде Чопела“

Прилеп денес доби уште една почиста јавна површина, откако комуналните работници од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, заедно со еко активистите од здружението „Мој Прилеп“, реализираа акција за финално чистење на дворот на

Нема милост за „мастачите“: Карвина исфрлена во најнизок ранг на натпреварување

Одделот за етика при Фудбалската Федерација на Чешка, донесе одлука, со која екипата на Карвина се исфрлува во најнизок ранг на натпреварување поради три наместени мечеви. Ова е клуб кој што е
Go toTop