Сесил Меклорин одушеви на отворањето на Скопски џез фестивал

October 18, 2024
1 min read

Со концерт на Сесил Меклорин Салвант, американската џез-пејачка и трикратна „Греми“ лауреатка, вчера вечер, во Националната опера и балет во Скопје започна 43-тото идание на Скопскот џез фестивал.

Американска џез-пејачка настапи со својот квартет и ја одушеви публиката со својот настап во преполната сала на Националната опера и балет.

Во 23 часот во Младинскиот културен центар настап имаше македонскиот состав Next to Silence, a Кирил Кузманов ја доби наградата за најдобар млад џез музичар на Фестивалот.

Вечерва, настап ќе имаат бендовите „Rodrigo amado the bridge“ и „The end“ во Национална опера и балет со почеток од 20 часот. Во сабота, на истото место и во исто време изведба ќе има пијанистот и композитор Давид Вирелс, а по него корнетистот Роб Мазурек. Во МКЦ пак ќе настапи саксофонистот, гитарист и вокалист Алабастер Деплум.

Во рамки на фестивалот ќе се оддржи и работилница за џез за деца на 19 отомври со почеток од 12 часот во Европската куќа во Скопје

Скопје џез фестивал оваа година ќе го затворат Никол Мичел и Марк Сандерс, како и џезерите од групата „Fire! Orcherstra“ на 20 октомври во Националната опера и балет со почеток од 20 часот.

Преземено од Трн.мк

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Климатските промени ги затворија луксузните скијачки центри во Европа

Следно

СДСМ: Мицкоски продолжува со лагите и манипулациите за Коридор 8

Latest from Blog

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата

Љатифи: Енергетската транзиција не може без силна и модерна мрежа

Енергетската транзиција не е повеќе избор, туку процес што мора да се спроведе без да се загрози стабилноста на електроенергетскиот систем, порача генералниот директор на МЕПСО, доц. д-р Бурим Љатифи, на меѓународната

Тоневски: Спортот ги обедини учениците во Пробиштип

Со спорт, дружење и натпреварувачки дух, во Пробиштип беше одбележана Европската недела на спортот. Општина Пробиштип, во соработка со основните училишта, организираше училишен спортски ден на кој учениците се натпреваруваа во баскет,
Go toTop