Светска банка: Речиси еден од четири жители од Западен Балкан живее во странство

October 17, 2024
2 mins read

Економскиот раст во земјите од Западен Балкан се предвидува умерено да се забрза во текот на 2025 година, главно под влијание на зголемената потрошувачка и инвестициите, потпомогнати со зголемената куповна моќ, се вели во Редовниот економски извештај на Светска банка за Западен Балкан.

Светска банка предвидува дека заедничкиот економски раст на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија во 2025 година ќе достигне 3,7 отсто, што е за 0,2 процентни поени повеќе од предвидувањата дадени во пролетното издание на извештајот.

Растот во 2024 година се очекува да достигне 3,3 отсто, што претставува зголемување за 0,1 процентен поен од претходните проекции.

-Домашните фактори и понатаму го поддржуваат умереното забрзување на растот во Западен Балкан.

Дополнително, на среден рок, постепеното закрепнување на економската активност во Европската Унија се очекува да игра огромна улога во поттикнувањето на извозот од регионот, вели Изолина Роси, економистка во Светска банка и главен автор на извештајот.

И покрај позитивните изгледи, како што посочува, регионот и понатаму е ранлив од повеќе ризици, вклучувајќи ги слабиот раст на светско ниво, враќањето на инфлацијата, политичката несигурност и екстремните временски појави.

Посочува дека со зајакнувањето на економскиот раст во Западен Балкан, животниот стандард и понатаму се приближува до стандардот во понапредните економии во Европската Унија.

Меѓутоа, задржувањето на моментот на раст и забрзувањето на темпото на приближување бараат структурни реформи, вклучувајќи ги и оние наведени во Планот за раст на Европската Унија.

-Економската интеграција е клучен двигател на растот за малите економии како што се оние во Западен Балкан, вели директорката за регионот при Светска банка, Шиаочин Ју.

За да го поттикнат овој раст, земјите треба да ја подобрат регионалната трговија и трговијата со Европската Унија, да го намалат времето на чекање на границите и да ги интегрираат платежните системи.

Исто така, справувањето со демографските предизвици и со предизвиците на пазарот на труд бара силен фокус врз развојот на човечкиот капитал.

Подобрување на образовните и здравствените системи е од суштинско значење, за напредок од земја со средни приходи во земја со високи приходи.

Речиси еден од четири жители од Западен Балкан живее во странство, и затоа подоброто управување со глобалната работна сила во Западен Балкан би можело да биде клучен двигател на економскиот раст во регионот.

Иако отселувањето може да доведе до други предизвици, како што е недостигот на работна сила, постојат и јасни можности за искористување на миграцијата за добивање на економски придобивки.

Според извештајот, со ефикасно управување, миграцијата може да помогне во ублажување на сиромаштијата, стимулирање на извозот и привлекување на инвестиции, што во крајна линија ќе доведе до отворање на работни места и пренос на знаења.

На пример, дознаките може да ги подобрат финансиските ресурси на мигрантските домаќинства.

Исто така, враќањето на обучените мигранти може да доведе до „прилив на мозоци“ во нивните домашни земји, додека привлечноста на повисоките плати во странство може да го мотивира образованието и подобрувањето на вештините кај оние што ќе останат.

За да се максимизираат придобивките од миграцијата, во извештајот се препорачува повеќе мерки за Западен Балкан, како развивање програми за обука за вештини и мобилност во партнерство со одредишните земји и проширување на билатералните договори за социјално осигурување.

Во извештајот се препорачува и подобрување на заштитата на мигрантите низ нивниот пат на миграција заради ублажување на ризиците со кои може да се соочат и заради поттикнување на враќањето, олеснување на преносот на капитал, стручност и најсовремени технологии од членовите на дијаспората, како и користење на дигитални алатки и подобрување на прибирањето податоци за ефективно управување и креирање политики за миграциите.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мицкоски најави нова инвестиција од 8,5 милиони евра и вработување на околу 100 луѓе

Следно

ПОЕТОТ СЛАВЕ ЃОРЃО ДИМОСКИ ЈА ДОБИ ДРЖАВНАТА НАГРАДА „23 ОКТОМВРИ“

Latest from Blog

Алчинов во Отворено: За да се направи пат до хидроелектраната на река Дошница ќе треба да се исечат 1000 хектари шума

Кристијан Алчинов од „Спас за нас“ во Отворено рече дека законот за хидроелектрани е склопен во полза на инвеститорите. Според него, за изградба на една хидроелектрана на реката Дошница ќе треба да

Елиминирана шампионката на Ролан Гарос

Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја

САД ја прославија 249-годишнината од независноста во Скопје

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија вечерва со свечен прием беше одбележан 4-ти јули – Денот на американската независност. Пред бројни гости, партнери и пријатели на САД, амбасадорката Анџела

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Во координирана акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност вчера во Струмица се запленети 100 килограми марихуана, а три лица се уапсени, соопштија денеска од МВР. Во соопштението се наведува дека

Ќостарова Унковска во Аргумент плус: Родителите на загинатите деца во Кочани се плашат од заборав

Клиничкиот психолог Лина Ќостарова Унковска во Аргумент плус рече дека трагедијата во Кочани е надвор од сите искуства. Според неа, родителите на загинатите деца не се плашат за нивните животи и за
Go toTop