Ревизорите не ја препознале суштината на категоријата „Други корисници“ во финансирањето на културата

October 15, 2024
2 mins read

Ревизорите недоволно ја познаваат суштината на категоријата „Други корисници“ во финансирањето на културата. Таков заклучок може да се извлече од соопштението на Државниот завод за ревизија (ДЗР), коментираат за Рацин.мк извори од Министерството за култура.

Оваа е реакција на лица кои се добро упатени во постапките за финансирање на националните установи и на проектите опфатени со годишните програми за поддршка на огромен број установи, правни и физички лица кои ги исполнуваат критериумите за да аплицираат за буџетеските средства на ова министерство.

Од насловот на соопштението „318 милиони денари исплатени за културни проекти без јасно дефинирани критериуми“ јавноста може да стекне погрешна претстава, велат изворите за Рацин.мк во министерството, кои од разбирливи причини сакаат да останат анонимни.

Од таму појаснуваат дека тие средства, 318 милиони денари, се распределени на проекти на стручни организации од областа на културата, на граѓански организации со долгогодишно искуство во реализација на култруни проекти со докажани успеси на тој план, на индивидуалци и на други опфатени во оваа категорија. Поддршката на овие проекти, вусшност, беше и заложба за поддршка на културни иницијативи како алтернатива на националните програми и установи и заради разноличност на културната понуда што е вообичаена пракса во сите модерно ориентирани европски земји.

Во соопштението на ДЗР дури и графички се нарадени сите категории на „други корисници“ и наведени бројот на проекти и висината на средствата што се доделени, што само потврдува дека не станува збор за „проекти без јасно дефинирани критериуми“.

Токму таа квалификација – „проекти без јасно дефинирани критериуми“ – коментираат за Рацин.мк изворите во Министерство за култура, не соодветствува со реалноста затоа што сите конкурси за финансирање, оние за националнитѕе установи и оние за другите корисници, се објавуваат со критериуми и услови за апликација врз основа на постоечката законска регулатива и врз основа на годишната програма за финансирање на проекти која поминува и во Министерството и на седниците на Влада каде што се одобруваат.

Сосема друга работа е дали тие веќе утврдени политики врз основа на кои се објавуваат конкурсите за финансирање на проекти во културата треба да се изменат или подобрат, велат изворите за Рацин.мк, но тоа е веќе друго прашање и прашање на креирање на тие политики, додаваат тие.

За да бидат уште потранспарентни и поедноставни за аплицирање, во претходниот период се објавуваа одделни конкурси за сите категории, со специфицирани критериуми и услови. Дополнително, потсетуваат за Рацин.мк од  Министерството за култура, целата постапка за пријавување одеше електронски преку системот uslugi.gov.mk. Целата документација потоа пристигнуваше директно до комисиите кои ги прегледуваа, го утврдуваа исполнувањето на условите и критериумите и одлучуваа без најмало учество на службениците во Министерството и без да има простор за влијание на министерот, односно министерката, укажуваат нашите извори од оваа институција.

И уште еден споредбен факт. Конкурсот на Министерството за култура за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности во културата за 2025, не се раликува по ништо со оној од 2024 година, освен што во годинашниот конкурс ги нема категориите интердисциплинарни проекти и проекти од креативни индустрии.

Тоа, секако е избор на новиот министер, но со ускратувањето на овие категории им се намалува можноста во категоријата интердисциплинари проекти на организации и автори од независната сцена.

Со укинувањето, пак, на категоријата проекти од креативните индустрии се оневозможува пристап на проекти од оваа дејност којашто се препознава како растечка и корисна зашто станува збор за оние кои потекнуваат од индивидуалната креативност, од вештини и од талент, кои имаат потенцијал за создавање работни места и добросостојба и тоа преку создавање и искористување на интелектуалната сопственост. Секојдневно сме сведоци на големото влијание кое креативните луѓе го имаат и во економија и за раст во општеството.

Вусшност министерот Љутков се обрати на седмото издание на конференцијата „Културните и креативните индустрии: предизвик за туризмот, културното наследство и економијата“, во организација на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип за што извести и самото Министерство за култура и туризам.

Поздравувајќи ја организацијата на конференцијата, Љутков рече дека се дебатира за исклучително важна и актуелна  тема, која на едно место ги обединува нашите напори и стремежи за развој и унапредување на културната, туристичката и економската сфера.

Осврнувајќи се на културните и креативните индустрии, министерот Љутков нагласи дека со својата посебност и потенцијал, тие можат да бидат моќен двигател на економијата.

Но, еве, сега, во конкурсот за оваа година креативните индустрии ги нема во програмата за финансирање.

Р. Р.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

ТРОЈЦА РЕЖИСЕРИ И 28 АКТЕРИ ЌЕ ИГРААТ ВО „ЃОРЕ МАГАРЕСКИ – 80 ГОДИНИ ПОТОА“ ЗА ЈУБИЛЕЈОТ НА БИТОЛСКИОТ ТЕАТАР

Следно

Села: Бескрајно благодарни за солидарноста на Албанија со Македонија, која со години остана со нас, жртвувајќи и губејќи години

Latest from Blog

СДСМ го одржа 29-тиот и 30-тиот конгрес

Со високите партиски тела на СДСМ ќе раководат млади и амбициозни луѓе, кои досега не биле во тесното партиско раководство, истакна лидерот на партијата Венко Филипче по завршувањето на 30от конгрес на

Стојаноски: Со власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ растат платите во образование, здравство, полиција, армијата и администрацијата

На гостувањето на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски го пофали договорот на Владата за покачување на платите во здравството, бидејќи како што вели тој, сега Владата има слух за
Go toTop