Јакимовски и одговори на Јаневска: Не треба снаоѓање, туку министерката да обезбеди пари за да може децата да имаат греење

October 15, 2024
2 mins read

Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски уште еднаш побара од министерката за образование Весна Јаневска да ги подмири трошоците за греење на училиштата во Карпош во висина од 8.3 милиони денари, за да можат децата да имаат нормално затоплување.

„Не знам дали министерката доволно добро го чита законот, не знам дали и е доволно познато, дека сите обврски за функционирање на училиштата, а тоа значи за електрична енергија, за водоснабдување, за ѓубретарина, за тековно-инвестиционо одржување надлежно си е министерството за образование.

Тоа што министерството за образование не си предвидело доволно пари во буџетот за училиштата во општина Карпош е исклучиво вина на министерот за образование. И не знам зошто се обидува да ја префрли топката на локалната самоуправа, прозивајќи ме мене дека сум можел да се снајдам. Овде не е потребно снаоѓање. Овде е потребно министерот за образование да си ги обезбеди парите за да можат децата од училиштата на територија на општина Карпош да имаат нормално затоплување, како што имаат сите деца во светот.

Се прашува министерката како е можно само во општина Карпош да нема доволно средства за затоплување, а сите останати општини да имаат доволно. Многу едноставно министерке. Од времето на Груевски  постојано кратевте кај општина Карпош, а постојано додававте кај вашите градоначалници. И ова ви се провлекува постојано. Минатата година плативме 6 милиони денари, оваа година 8,3 милиони денари нема да ви ги платиме. Ќе си ги обезбедите вие од министерство за образование. Ако имавте за Мајка Тереза 35 милиони евра, ќе штрбнете малку од таму и ќе обезбедите средства за да ги платите сметките, рече Јакимовски.

Градоначалникот ја праша министерката, ако навистина е негова обврска да го плаќа греењето во училиштата, зошто тогаш министерството дава пари за истото?

„Сакам да прашам, ако е моја обврска да го плаќаме греењето, зошто тогаш министерството дава пари? А, ако е нејзина обврска да се подмират трошоците за затоплувањето, зошто тогаш бара и општината да контрибуира во плаќањето на сметките? Зошто останатите општини не го трошат буџетот за да плаќаат затоплување, туку тоа мора да го прави само општина Карпош? Овој дискриминтароски однос кон општината трае веќе подолго време, но наместо да се смирува, таа ескалира. Општината презела се за да ги намали трошоците во училиштата.

Сите училишта да се реконструираат, на сите училишта се ставени фасади, секаде се сменети прозорите. Во најголем дел од училиштата ставивме фотоволтаици. И тоа било обврска на министерството за образование.  Еве прашање до министерката. Нека провери во последните 15 години, колку денари имаат дадено за тековно или инвестиционо одржување? Немаме никогаш денар добиено. Се тоа прави локалната самоуправа. И на крајот прашањето зошто постои министерството за образование? Тие трошат 5,5 милијарди евра, а ние со 8 милиони евра треба да ги покриеме сите трошоци, вклучувајќи ги и дупките кои ни остава министерството, смета Јакимовски.

На барање на новинарите да ја искоментира изјавата на министерката каде вели дека „блок дотациите се исплатени, понатаму обврска на општините е како ќе ги менаџираат тие средства“, градоначалникот одговори:

„Замислете сега, северџанката министерка мене ќе ме учи како да ги менаџирам парите. Парите што ми ги дала сме ги префрлиле на училиштата. Како да ги изменаџираме? Еве се јавувам доброволно да одам на часови кај министерката да ми одговори како да ги изменаџирам парите. Потрошиле училиштата 100 банки, а таа дала 2 банки. Попросто има ли од тоа? Тие средства не се доволни ни од далеку, рече Јакимовски.      

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

РЕПЕРТОАРОТ ВО ОПЕРАТА И БАЛЕТОТ ЌЕ СЕ ПРАВИ ОД ЈАНУАРИ ДО ЈАНУАРИ, НАЈАВИ ДИРЕКТОРОТ ОЛИВЕР АРСОВСКИ

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска во коалиција со СДС и ДУИ од свои лукративни причини го уништи и колабира Скопје

Latest from Blog

Се судрија училишен автобус и автомобил во Торино – едно лице загина, 20 ученици повредени

Во судир меѓу автомобил и училишен автобус утрово во Торино, во областа Аринџано, едно лице загина, а 20 се повредени. Во несреќата загинал возачот на автомобилот, а 20 ученици, од педесетте што

Лажните интернет-продавници измамуваат еден од осум купувачи во Германија

Речиси еден од осум онлајн-купувачи во Германија бил измамен од лажни виртуелни продажни понуди последните две години, покажува ново истражување. Анкетата ја спроведе институтот за анкети „Форса“ во име на германските потрошувачи,

Таневски: Следна станица – Вашингтон!

Пораките што европските челници ги испратија до земјава при презентацијата на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија се повеќе од јасни, дека суштината и не се толку реформите и Копенхашките

Потпишување на договор за стратешкиот тунел меѓу Ѓуешево и Деве Баир

Во четврток, министрите за транспорт на двете земји, Александар Николоски (РСМ) и Гроздан Караџов (Бугарија), ќе потпишат договор за подготовка и изградба на меѓуграничен железнички тунел долж Коридорот VIII, информираат од македонското

ВЛЕН: За ДУИ власта беше кислород – сега се гушат во поразот

Коалицијата ВЛЕН оцени дека раководството на ДУИ се наоѓа во „политичка паника“ по локалните избори и дека, како што наведуваат, обидот да се претстави референдумската иницијатива како патриотска кауза не успеал кај
Go toTop