Јаневска: Очекувам сите училишта да имаат греење

October 15, 2024
1 min read

Министерката за образование и наука Весна Јаневска очекува сите училишта да имаат греење. Како што изјави денеска, на општините им се исплатени блок дотациите, па на градоначалниците, но и на школите и директорите е да се организираат, за да нема проблеми во однос на грејната сезона.

Одговорајќи на новинарско прашање во врска со вчерашната реакција на градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски кој повика Владата да го плати заостанатиот долг за греење на основните училишта во оваа општина, Јаневска изрази верување дека „тој е многу способен и ќе најде начин да ги затопли училиштата“.

-Министерството за обарзование и наука (МОН) дава блок дотации до општините. Блок дотациите им ги исплативме на општините и нема што дополнително да даваме. На градоначалниците, училиштата и директорите е како ќе се организираат за да ја спроведат грејната сезона, така што ова не е прашање што треба да се упати до МОН, нагласи Јаневска по прес-конференцијата за реконструкција на државните студентски домови.

Според неа, ако Јакимовски има дополнитлени барања, „треба да се обрати таму каде што треба, а не до МОН“.

-Очекувам сите училишта да имаат греење, зашто е невозможно без греење да се учи. Верувам дека градоначаникот кој е многу способен, ќе најде начин да ги затопли училиштата, децидна е министерката.

Јакимовски вчера ја повика Владата да ги покрие трошоците за греење на општинските основни училишта во висина од 8,3 милиони денари, зашто локалната самоуправа, рече, не е должна да го прави тоа. Јакимовски нагласи дека минатата година за децата да не останат без греење, Општината издвоила шест милиони денари зашто, исто така, Владата не сакала да ги плати сметките.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Османи: Колку сакаат нека зборуваат дека Албанците ги оштетиле македонските интереси! Ја дефокусирав дебатата во Бугарија за јазикот и идентитетот и ја доведов до 3500 Бугари тука!

Следно

Оксфорд: По две топли зими Европа треба да се подготви за пониски температури

Latest from Blog

„Пајакот“ е екстрадиран во САД- терористот со години беше под заштита на претседателот на Колумбија

Џовани Андрес Рохас се соочува со обвиненија за трговија со дрога и тероризам во Соединетите Држави. Со години, тој беше портпарол и еден од водачите на Командос де ла Фронтера, бунтовничка организација

Социјалните мрежи вријат: Се бараат оставки, се повикува на бојкот … (Фото)

Македонија загуби со 2-0 на гостувањето кај Словенија, што за нашата репрезентација е десетти меч без победа во серија. Дополнително, 607 минути немаме постигнато гол. Тоа беше доволна причина да „зовријат“ социјалните

ВИДЕО | УЖАС НА ТВ ЕКРАНИТЕ: Автомобил удри девојче додека ТВ екипа снимаше во живо во Полска

Телевизиска екипа го снимила моментот кога автомобил удрил 14-годишно девојче, кое се движело со електричен тротинет во северна Полска. На снимката се гледа црн автомобил кој свртува во споредна улица и го
Go toTop