СКОПСКОТО КАЛЕ ИЗГЛЕДА УЖАСНО, ПРВО ЌЕ ГО ИСЧИСТИМЕ, ПА ЌЕ ГИ ОТВОРИМЕ ТРИТЕ МУЗЕИ, ВЕЛИ ЉУТКОВ

October 14, 2024
1 min read

Формирана е работна група за ревитализација на скопското Кале, обезбеден е и буџет и наскоро ќе се отвори како активна туристичка атракција, рече денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Скопското Кале со години е запуштено. Во 2011 почнаа да се градат три музеи, Музеј за праисторија, од османлиски и од средновековен период, но до ден денес ниту се отворени, ниту пак е просторот уреден.

Според Управата за заштита на културноро наследство, целосно изградените музеи на предвидени за поставките на археолошките предмети од праисторискиот и отоманскиот периот се целосно запуштени, а видливи се и делумни оштетувања, а музејот предвиден за поставката на археолошките предмети од средновековниот период, кој не е дограден, е целосно обраснат од вегетација.

Говорејќи на прес-конференцијата за 100 дена Влада, Љутков кажа дека локалитетот изгледа ужасно но, целта е Калето да биде отворено за јавноста и дека се обезбедени средства преку Управата за заштита на културното наследство.

„Тргнати сме во постапка за отворање на музеите. Има Музеј од праисторија, од османлиски и од средновековен период, треба да се довршат. Таму има преголема вегетација, ќе се расчисти целиот простор и ќе почнеме официјално да го отвориме просторот за посетители. Бидејќи сега се посетува на диво, нема никаква заштита, претпосставувам дека е опасен за движење. Јас бев пред 2 недели таму и изгледа ужасно. Имаме работна група која ја обезбедува целата документација што е потребно за да се отвори. Не треба многу, со многу мали решенија ќе можеме да го отвориме Калето и а понатаму ќе продолжиме со отворање на музеите“, рече министерот.

На новинарско прашање дали очекува тензии, бидејќи во 2011 македонски и албански демонстранти се тепаа со камења поради најавите дека ќе се гради музеј-црква, едните во име на одбрана на објектот а другите, противници на неговата изградба, Љутков рече: „Таму нема да има црква. Тоа се музеи. Треба да разграничиме што се музеи и не знам што е проблематично. Музејот на средновековниот период е останат во таква форма како што е. Тоа беше политичка одлука не беше рационална. Не можам да разберам зошто би се создавале тензии. Тоа било недоразбирање“.

Според информација од официјалната страница на Управата за заштита на културното наследство, уште на самиот влез може да се види дека Скопската тврдина Кале е целосно запуштена.

„Вегетацијата која не се одржувала, освен централниот дел и тоа при ретките официјални посети на високи функционери, целосно ја има обраснато тврдината, а некој делови се целосно непристпани.  Освен тоа видливо е дека во последните 7 години воопшто не е инвестирано за било какви интевенци за непосредна зашитита, односно за конзервација на откриените објекти. При посетата на мнинистерот на 17 септември е заклучено дека Скопската тврдина Кале треба што е можно поскоро да се ревитализира како би станала активна турискичка атракција за промоција на нејзината богатата историја“, вели Управата.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меморандум за соработка за повеќе видеоигри на македонски јазик

Следно

Сонот на Есма Реџепова нејзината куќа да биде музеј и место за хуманитарни настани, згасна со нејзината смрт

Latest from Blog

Пезешкијан од хотел во Њујорк ги откри плановите на Иран за убиство на Трамп и за нуклеарното оружје (ВИДЕО)

За време на обемното интервју, еден ден по обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации, Пезешкијан ги повтори добро познатите ставови на Иран за војната, неговата нуклеарна програма и внатрешното незадоволство. Тој,

Сити може да остане без титулите, Јунајтед, Ливерпул и Арсенал би профитирале

Манчестер сити би можел да остане без дел од шампионските титули освоени во ерата во која клубот се соочува со сериозни обвинувања за прекршување на финансиските правила во Премиер лигата. Сè уште

Проданоски: „Градот во мене“ е уште една убава приказна за Прилеп раскажана преку уметноста

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, вечерва присуствуваше на отворањето на изложбата „Градот во мене“ на прилепскиот академски уметник Александар Џинго, поставена во Ликовната галерија на НУЦК „Марко Цепенков“. Во своите најнови дела,

Божиновска: Енергетската заедница го потврди напредокот на Македонија во обновливата енергија

Раст на обновливите извори во електроенергетскиот сектор и поволна траекторија кај финалната потрошувачка, со јасно дефинирани мерки за декарбонизација во ажурираниот НПЕК 2025–2030 Последната оценка на Секретаријатот на Енергетската заедница покажува силен
Go toTop