Цените на нафтата драстично паднаа во првата недела од новата година

January 9, 2023
1 min read

По растот за околу 13 отсто во претходните три недели, цените на нафтата изгубија добар дел од тие добивки минатата недела. Ова е последица на загриженоста за побарувачката, особено од Кина, најголемиот увозник на „црното злато“ во светот

На светските пазари цените на нафтата остро паднаа во првата недела од новата година, бидејќи трговците стравуваат дека побарувачката за „црното злато“ ќе ослаби поради забавувањето на растот на најголемите светски економии. Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела потона за 8,5 отсто, на 78,57 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот падна за 8,1 отсто, на 73,77 долари.

По растот за околу 13 отсто во претходните три недели, цените на нафтата изгубија добар дел од тие добивки минатата недела. Ова е последица на загриженоста за побарувачката, особено од Кина, најголемиот увозник на „црното злато“ во светот.

Откако три години водеа политика на „нулта толеранција“ за вирусот ковид, кинеските власти брзо ги ублажуваат рестриктивните мерки, што треба да го забрза растот на втората по големина економија во светот. Сепак, следните месеци ќе бидат многу неизвесни бидејќи вирусот брзо се шири, па многу болници и гробишта известуваат дека се под притисок поради големиот број заразени и починати од ковид.

Сето ова може да ја ослаби побарувачката, на што укажува одлуката на Пекинг да ги зголеми квотите за извоз на деривати.

„Расположението на пазарот е расипано од пандемијата во Кина и предизвиците на (нејзиното) отворање, што ја доведе во прашање тезата дека побарувачката ќе закрепне и цените ќе растат“,

рече аналитичарот на швајцарската банка Јулиус Баер, Норберт Рикер.

Трговците ги загрижи и предупредувањето на директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, дека годинава ќе биде потешка од минатата поради истовременото забавување на економиите во САД, Кина и Европа и дека земјите кои сочинуваат околу една третина од светската економија би можеле да паднат во рецесија.

Изгледите за светската економија ќе играат „многу поважна улога“ во движењата на цената на нафтата во новата година отколку производната политика на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нивните сојузници, пишуваат аналитичарите од германската Комерцбанк во Забелешка.

Индикациите за закрепнување на активноста „во клучните економски области“ повторно ќе ги подигнат цените на нафтата на лондонскиот пазар на 100 долари, потенцијално од вториот квартал наваму, проценува германската банка.

Во анкетата на Ројтерс, пак, 30 аналитичари проценуваат дека оваа година цената на барелот во Лондон ќе биде во просек околу 89,40 долари. На американскиот пазар, пак, според проценките, просечната цена би можела да биде околу 84,85 долари.

Минатата година цената на нафтата на пазарот во Лондон порасна за околу 10 отсто, што е најмногу последица на пореметувањата на пазарот поради војната во Украина, додека пред една година, благодарение на закрепнувањето на светската економија од кризата со корона скокна за повеќе од 50 отсто.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лула вети дека ќе ги казни демонстрантите кои упаднаа во бразилскиот Конгрес

Следно

Седници на две собраниски комисии, утре прва пленарна седница годинава

Latest from Blog

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач

ФОТО: Дали имате природен магнетизам? Првото нешто што го забележувате открива дали…

Овој интересен визуелен тест ја користи перцепцијата како забавен начин за да ѕирнете во вашиот внатрешен свет. Ве повикува да истражите како вашите први импресии од една едноставна слика може да ги

Митева: Денешниот настап на СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија кој мора да биде јасно осуден

Како човек кој секојдневно е во директна комуникација со Вас, медиумите и новинарите, чувствувам обврска јавно да реагирам. Премолчувањето во вакви ситуации би значело дека се откажуваме од одговорноста што ја имаме

Хаос во Индија: Само што си замина Меси – на теренот летаа шишиња (ВИДЕО)

Посетата на Лионел Меси на Индија беше одбележана со инцидент во Калкута, каде што настана хаос откако незадоволни навивачи влетаа на теренот на стадионот „Солт Лејк“, објавија локалните медиуми. По пристигнувањето во
Go toTop