Медиуми: Иранскиот ракетен напад врз Израел предизвика штета од 53 милиони долари

October 13, 2024
1 min read

КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) – Иранскиот ракетен напад врз Израел предизвика штета од околу 53 милиони долари, јавија денес израелските медиуми, пренесува Анадолу.

Нападот од 1 октомври предизвика проценета штета од 150 до 200 милиони шекели (40 до 53 милиони долари), објави весникот „Једиот Ахронот“, повикувајќи се на податоци од данокот на имот.

„Ова е најголемата штета предизвикана од еден ракетен напад врз Израел од избувнувањето на војната (во Газа) на 7 октомври 2023 година“, се додава.

Според весникот, околу 10 локации претрпеле штета во иранскиот ракетен напад, меѓу кои и неколку воени бази. Сепак, не се пријавени повредени, освен смртта на Палестинец во близина на градот Ерихон на Западниот Брег, откако бил погоден од шрапнел од ракета пресретнувач.

Иран истрела околу 180 ракети кон Израел на 1 октомври, за што рече дека е одмазда за неодамнешните атентати на лидерот на Хамас, Исмаил Ханије, лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, и на командантот на Иранската револуционерна гарда.

Израел вети воен одговор на иранскиот напад.

Регионалните тензии ескалираа поради бруталната офанзива на Израел во Појасот Газа, во која загинаа над 42.200 луѓе, главно жени и деца.

Конфликтот се прошири и во Либан, каде Израел започна со смртоносни напади во кои од 23 септември убиени се над 1.437 луѓе, повредени се најмалку 4.123.

И покрај меѓународните предупредувања дека регионот на Блискиот Исток е на работ на регионална војна поради немилосрдните напади на Израел врз Газа и Либан, Тел Авив го прошири конфликтот со започнување на копнен упад во јужен Либан на 1 октомври.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Алпинистичка вежба на Баталјонот за специјални сили на АРМ и Единицата за брзо распоредување!

Следно

Повредата на Сака не е сериозна

Latest from Blog

ФБИ побара од Британија да го „присили“ принцот Андру да биде сослушан за неговата врска со сексуалните престапници

Новите документи објавени утринава вклучуваат сензационално „Барање за помош“ испратено до Владата на Обединетото Кралство, со кое се бара да се организира интервју со тогашниот војвода од Јорк од агенти на ФБИ.

Во пештерата Самотска Дупка на Галичица утврдена хибернациска колонија лилјаци од видот мал потковичар

 За врема на посетата и извршениот мониторинг на биодиверзитетот утврдена е досега најголемата хибернациска колонија  лилјаци на видот мал потковичар (Rhinolophus hipposideros) во Преспанскиот регион, со околу 90 единки. Во пештерата се

Министерот Ристовски го отвори реконструираното спортско игралиште во СД „Гоце Делчев“

Министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска официјално ги пуштија во употреба реконструираните спортски игралишта во Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. Министерството за спорт одговори
Go toTop