СДСМ: Миланчо Митревски, шеф на контрола на Наплатната служба на патарините во Петровец, не палаќал патарини

October 13, 2024
1 min read

Скандалот во ЈДПД со поставувањето партиски кадри на Трајановски и ДПМНЕ се проширува, објави на прес конференција Менде Илиевски, советник во Советот на Општина Битола.

На прес конференцијата е истакнато:

Веќе објавивме дека Трајановски и ДПМНЕ го поставиле Миланчо Митревски за шеф на контрола на Наплатната служба на патарините во Петровец.

Иако бил фатен како ја злоупотребува службената положба за што има и изречена дисциплинска санкција. Митревски наплаќал повеќе пари на патарините а вишокот пари си ги земал за себе.

Тој не ги исполнува условите да биде шеф на контролорите, единствена квалификација му е тоа што е “хард кор“ партиски кадар на ДПМНЕ и сопруг на советничка на ДПМНЕ во Велес.

Денеска откривме дека шефот на контрола продолжува со злоупотребите, не плаќа патарини.

Снимки од патарините кои ни ги доставија свиркачи покажуваат дека Митревски кога проаѓа со возилото на патарина не плаќа патарина.

Еве слика од оваа снимка на којашто се гледа возилото кое го управува Митревски. Поради заштита на лични податоци нема во целост да ја објавиме.

На 15.08.2024 во 08:47 часот  непосредно од кога е назначен заедно со неговата сопруга Бети, присилно го тера вработениот на наплатна станица Отовица да го пропушти без да плати.

Оваа е честа пракса на Митревски. Веднаш надлежните институции да преземат мерки и да установат колку пати Митревски направил вакви дела.

Бидејќи овие податоци се јавно достапни, СДСМ ги провери на веб порталот од Системот за електронска контрола на патарините и тие се целосно потврдени.

Еве дел и од изводите. Возилото со регистерски таблички кое го управува Митревски не платило патарина.

Ова се само дел од изводите, со точен датум и време. Сите се оваа година, во различни месеци.

Тој што треба да контролира наплата самиот не плаќа. Очигледно со амин на Коце Трајановски.

Народот да плаќа, само партиските кадри на Мицкоски и Трајановски да не плаќаат патарина.

Ова е недозволиво. Особено што луѓе кои работат на патарините беа приведени за 20 – 30 денари вишок пари.

Очигледно законите не важат за партиските кадри на Мицкоски и Трајановски.

Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа истата партија од минатото со ист начин на владеење како до 2016 година.

Коце Трајановски треба веднаш да го разреши Митрески а надлежните институции да преземат мерки за соодветна одговорност веднаш.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Околу 40 држави апелираат за заштита на УНИФИЛ

Следно

Филипче: Ова е власт која сака да ја врати Македонија назад во времето на страв и репресија

Latest from Blog

Стоилковски: И покрај фаталните грешки, лекцијата во СДС не е научена

На телевизија Алфа во емисијата „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ гостуваше Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ кој дискутираше за евроинтегративниот пат на Македонија и блокадите од страна на Бугарија, се вели во соопштението

Проданоски: Засадени 6.000 дабови садници на Маркови Кули: Голема еколошка акција во Прилеп

Голема акција за пошумување беше реализирана на локалитетот Маркови Кули во Прилеп, каде во рамки на проект финансиран од Бирото за регионален развој беа засадени вкупно 6.000 садници на даб. Акцијата се

Велбек го „угаси“ Ливерпул

Во првиот дуел од денешната програма во Премиер лигата, тимот на Брајтон со двата гола на Дени Велбек на свој терен успеа да го победи со конечни 2:1, тимот на Ливерпул, и

Проданоски: Со 6.000 нови дабови садници ја зајакнуваме зелената иднина на Прилеп

Во рамки на проектот за пошумување на споменикот на природата „Маркови Кули“, денеска беа засадени 6.000 садници на даб на локалитетот над новите градски гробишта на патот кон Трескавец. Акцијата, која се
Go toTop