Првата дама на Туркије, Емине Ердоган, ја посети градинката на фондацијата „Маариф“ во Белград

October 11, 2024
1 min read

БЕЛГРАД (АА) – Првата дама на Република Туркије, Емине Ердоган, денеска ја посети градинката на турската фондација „Маариф“ во Белград, јавува Анадолу.

Придружувајќи го турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во официјалната посета на Србија, Емине Ердоган заедно со првата дама на Србија, Тамара Вучиќ, ја посети градинката „Маариф Бебе Палас“ во која се згрижуваат 220 деца на возраст од две до седум години.

Емине Ердоган за нејзината посета на градинка на социјалната мрежа Х напиша: „Сакам да им се заблагодарам на сите кои придонесуваат во верувањето дека светлината на децата е највредната алка која дополнително ќе го зајакне пријателството меѓу нашите земји.“

Турската фондација „Маариф“ која е посветена на образованието, ја започна својата работа во Србија во 2019 година.

Воспитно-образовната дејност во Србија ја спроведува во пет училишта во Белград, како и во Нови Пазар и Сеница, со вкупно 518 ученици, односно 449 ученици во предучилишните и 69 во основните училишта.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Квалификации за ЕП 2025: Македонија до 21 ја победи Молдавија

Следно

Даночни службеници на грчкиот остров Крф изнудувале пари од граѓани и бизнисмени

Latest from Blog

Сиљановска Давкова: Национален консензус околу гаранциите, ЕУ мора да најде решение да не држи во кондиција

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вели дека националниот консензис на кој повика во годишното обраќање во Собранието треба да се изгради околу гаранциите да нема нови условувања во процесoт на евроинтеграциите. – Консензус

Диди бара итно да биде пуштен од затвор: Моите постапки беа одвратни и срамни

Во поднесената жалба за забрзана постапка, адвокатот на рап-могулот тврди дека тој бил погрешно осуден и дека однесувањето што довело до пресудата не било кривично дело, објавува Би-Би-Си. „Незаконска и неуставна казна“

Ридигер по Реал, го чека уште посилен тим?

Антонио Ридигер е во последната година од договорот со Реал Мадрид, а засега нема индиции дека ќе остане во Шпанија. Наводно, Германецот има неколку понуди, најконкретни од Галатасарај и од клубови од

Се урна хеликоптер на Килиманџаро, загинаа пет лица, меѓу нив двајца Чеси

Хеликоптер се урна на планината Килиманџаро во Танзанија, при што загинаа пет лица , соопшти денес цивилната воздухопловна управа, додека локалните медиуми објавија дека леталото било на мисија за медицинско спасување. Водич
Go toTop